Скопје Прајд низ објективот на Панагиотис Маидис

12.07.2019 02:02
Скопје Прајд низ објективот на Панагиотис Маидис

 

 Панагиотис Маидис, роден 1986 год. е уличен и фотограф на едиторијали во Атина, чија работа означува жива фотографска реалност. Маидис, најчесто употребува природно, постоечко светло, за да долови фотографија која е атмосферска, но истовремено е во чист и јасен спектар. Неговите едноставни, директни снимки, раскажуваат визуелни приказни, кои ја истражуваат различноста и повеќеслојните описи на различни современи општества и средини, со силно спротиставување на фотографијата „како од разгледница“.

Маидис дипломирал на Академијата Леика и Мерсо, уметничка школа во Атина со специјализација на улична и уметничка фотографија. Оттогаш, работел на голем број уметнички проекти и едиторијали. Тој учествувал и на голем број групни изложби. Во јануари 2019 год. ја имал својата прва самостојна изложба во Атина, како и публикацијата на три сопствени фотографски книги. Неговите дела се дел од бројни приватни колекции.


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Повеќе за Панагиотис Маидис на неговата веб страна

 

Слични содржини

Општество / Фотографија
Фотографија

ОкоБоли главаВицФото