Жените и пропагандата

12.07.19 10:31

Сликарката Кетрин Лонгхрст (Kathrin Longhurst) е родена во источна Германија и на 15 - годишна возраст со семејството избегала зад „железната завеса“, живеела во Шведска и во други европски држави. Сега живее и работи во Австралија.

Оваа транзиција од тоталитарен режим во демократија што ја доживеала во раната младост, ја одредила уметничката преокупација на Кетрин за истражување на концептите на слобода на говор и изразување, концепти кои до денес се специфични за нејзините дела.

Таа се занимава и со претставувањето на жените во медиумите, не само во времето на комунистичката пропаганда, туку и низ влијанието на рекламите во капиталистичкиот систем.

„Пропаганда е околу нас. Не е специфична само за одреден временски период, земја или режим ... таа е насекаде“, вели Лонгхрст.

Извор: artfucksme.com

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото