Кратка песна за уште пократка песна

12.07.2019 14:10

Има една песна
Ептен кратка, и во неа се глаголи
За двајца полжави голи,
сосем голи ко пиштоли,
Кои за таква куќа мечтаат
Што ќе можат да ја влечат.

Но кога виделе како ползи,
Целиот слузав (или облеан со солзи?)
Полжав станбено ситуиран
Заклучокот им дошол рутиниран:

„Голи сме и секој може да нè мава,
Ама барем куќа нема да нè јава!“

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Пандалф Вулкански
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото