Бесплатно грчко вино за туристите Македонци

15.07.2019 11:42
Виц икона

Двајца Македонци на одмор во Грција се сместиле во хотел каде што бесплатно давале неограничено вино за гостите. И како што е ред, се запиле нашите и не знаат за доста. Пиеле пиеле, Гркот, газда, се нервирал и на крај му текнало наместо вино да почне да им става вински оцет за да престанат.

Едниот од нашите кога го вкусил оцетот веднаш престанал да пие, а другиот продолжил да пие како ништо да не се случило. Тој што престанал го прашува другиот:

– А бе ти не ли осеќаш дека ни ставија оцет наместо вино?

– Осетив како не.

– Е па зошто продолжуваш да пиеш?

– Пријателе, седи тука и пиј! Колку оцет може да има во една куќа? Ќе испиеме по 2 чаши и пак ќе ни турат вино.

 

ОкоБоли главаВицФото