(Д)рем фаза

15.07.2019 12:23

Кога ќе ме видиш како дремам,
Пази, влегуваш во мојата оаза!
За бучава тогаш нерви немам,
Се наоѓам во својата дРЕМ фаза.

Домашните ова го знаат,
Ме оставаат раат во рајската база;
Внимателно по собата газат,
А јас се смешкам во дРЕМ фаза.

Одеднаш сите се растрчуваат,
Однекаде нешто брчи;
Кон мојот кревет се упатуваат:
„Буди го овој да не рчи!“

На моето зевање му нема крај,
Можеби мислат дека е зараза?
Та ме набркуваат од тој рај,
Од прекрасната дРЕМ фаза!

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Пандалф Вулкански
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото