Есен

16.07.2019 16:56

Портокаловозлатна, густа,
Слетува од дабовите, кленовите и ивите.
Тоа, додека се повлекува, власта шумска
Фрла, во паника, сè од архивите.

 

Превод: П. В.


Сергеј Чудаков (1937-1997), руски поет роден во семејството на началникот на Магаданскиот логор.

Измамник. Сводник. Пијаница. Порнограф. Новинар. Ерудит. Поет - тоа е најважно. Постои само една, но затоа каква, книга со негова поезија - Локална боја.

Непризнат од советската официјална литература умира без да се знае каде и под какви околности. Оттаму, како накнадно признание, доаѓа и називот - рускиот Вион.

(Светислав Травица)

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото