1021 hPa
87 %
9 °C
Скопје - Пон, 14.10.2024 07:59
Во февруари оваа година беше распишан јавен конкурс за директор на Младинскиот Културен Центар кој треба да биде именуван од градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. На конкурсот се пријавија само двајца кандидати, Русе Арсов кој е в.д. директор на МКЦ од март 2018 година и музичарот Арбен Бени Шаќири. Поради претседателските избори, конкурсот беше ставен во мирување и градоначалникот се уште нема донесено одлука.
По објавување на имињата на двајцата пријавени кандидати, темата стана актуелна во јавноста и се појавија мноштво спротиставени мислења. Стотици културно- уметнички работници го оставија својот потпис на отвореното писмо упатено до премиерот Зоран Заев, во кое бараат да се спречат промените во структурата на МКЦ, додека пак други обвинуваа дека писмото е пропаганда против музичарот Бени Шаќири.
Младинскиот тим на Истражувачката репортерска лабораторија ги праша младите кое е нивното мислење за Младинскиот Културен Центар како институција и како тие се чувствуваат во врска со политичката пресметка околу директорското место на МКЦ.
Извор: IRL