Си го земав лебот од уста

19.07.2019 15:41
Си го земав лебот од уста

 

На жената месото ѝ е во кујна.


Си го земав лебот од уста.


Апетитот ми направи притисок во облик на полнета пиперка.


Требаше да си нарендам сирење дур имав ренде, сирење и раце.


Децата од два браќа чедар-кашкавали се брачедари.


Кисело млеко е јогурт што се понаша.


Кафето ми има завршено средно.


Се покапав ко годиначе што брка маче и плаче со сокот в раче.

Мик Џигер и Горан Бубреговиќ отвараат Франц-уска Кафкана.


Тебе ти е џидипи пер капита, мене ми е џиди пиперка пита.


Ако пие радлер, малт е за тебе.


- А откај знаеш дека е расипан ајварот?
- Пошо се дружи со такво друштво.


Кокос звучи така да кога би го изговорил би си го исчистил грлото од кокосовите парченца што ти застанале у грклан после јадење рафаело.


Ако икс е непознатата во прашањето “што ми се јаде?”, најди го чипсилон.


Да се дојадам и идам.

Кочо Рацин има освоено Златна Копачка.


Сречко Катанец е весела, но многу затворена личност.


Вечерно училиште: Војдан Вечернодрински.


Килимар “Џано”.


Се осеќам ко Ханибал во јагнуари.


- Ајде сите заедно, за Мара.
- Не се заМараме.


- Нема логика животот, сине. Да имаше, хипоталамус ќе беше вид коњ.
- Што?
- Реков врати го нилскиот коњ на рафтот и излегувај од продавница!

Ало, тука комарецот. Ќе каснам.


Бактериите те гледаат и викаат: Рацете понастрана од нас, ти гадно човечко суштество!


Полжав е геометриски кентаур.


Волците се кучешките рапери, а џукелите - блузери.


Шпага е еластична шпагета.


Поларните муви во фрижидер мислат дека зуењето е болест.


Јаренце тренира кошарка и станува жирафа.


Доброто кај медузите е што не мора да одат на ехо.


Слики: Nicoletta Ceccoli

Слични содржини

Книжевност

ОкоБоли главаВицФото