Инстаграм и женските брадавици

19.07.2019 23:48
Инстаграм и женските брадавици

 

 Точно во осум часот наутро на 01 јули Инстаграм профилот @Taboob_official излегол онлајн. Два дена подоцна, во девет часот навечер и после 22.000 следачи, Инстаграм го отстранил. Тоа е ризикот ако го предизвикате алгоритмот на Инстаграм со фотографии на женски гради, поточно женски брадавици.

Тоа може да звучи совршено логично за компанија која сака да ја задржи својата апликација во AppStore во старосната категорија 12+, но многу луѓе гледаат поинаку. Машките брадавици исто така некогаш се сметале за контроверзни и непристојни. Кога во 1935 на плажа во Њу Џерси се појавиле луѓе со голи торза, сите 42-ца биле уапсени. Мажите продолжиле со акциите, а година дена подоцна забраната е укината.

Сепак, се чини дека не оди така брзо со женските брадавици. Инстаграм како место каде се одвива нашиот онлајн живот, за жал (заедно со Фејсбук) е најконзервативната социјална мрежа кога се работи за голи женски брадавици. Сите протести против строгата политика на Инстаграм довеле до три исклучоци: голи гради во контекст на доење, по ампутација на дојка и ликовни изрази како слики или скулптури - и тоа со многу напор.

Луѓето зад Taboob се Џаспер Деклерк и Нуртје Палмерс.

Како дојдовте до идеја за ваков проект?
Н: Пред сѐ, ова не е никаква кампања со агенда. Не е дури ниту феминистички осмислувана. Градите се многу актуелни на Инстаграм. Ја имаме таа комерцијална кампања на компанијата La Fille d’O, потоа движењето #freethenipple...
Џ:Доколу луѓето го искористат ова што го направивме да покренат дискусија, тогаш тоа е добро. Ние секако имаме свое мислење, но тоа во принцип не е ни важно. Не сме ничии гласноговорници.

Можевте да се бавите и со пениси, крвави слики или оржје, но одбравте гради. Зошто?
Н:Се запознавме за време на проект за доење и така дојдовме до ова. Брадавиците не беа видливи на фотографиите кои тогаш ги снимивме. Но мислам дека станавме превнимателни. Ако и тоа стане скандал, кога жените дојат во јавност – бог да чува!
Џ:Луѓето многу лесно и брзо го искажуваат својот став. Нам ни е многу важно овој проект да остане позитивен. Ова е културен проект кој се натпреварува со некоја машина.

Дали е идејата да провоцирате?
Н: Сакаме да провоцираме, но не на вулгарен начин. Вака е поголем предизвик. Затоа и избравме да прикажуваме само една дојка.

Мислите дека тоа е помалку сексуална глетка?
Н:Па да, тогаш сликата просто излегува од тој секси контекст. Тогаш се работи за дојка, а не за „цицки“.
Џ:На Инстаграм имате полно жени кои се сликаат со голи гради, но заматени брадавици. И тие си играат со правилата, ги предизвикуваат, ги истражуваат границите, до каде може да се оди.

Што е за вас порнографска содржина?
Џ:Тоа е релативна и лична работа. Инстаграм има свое видување, а ние друго. Само затоа што тоа не е дозволено, можете да видите исклучителни примери во порнографијата и огласувањето. Иако е јасно дека не постојат совршени дојки. Нема „стандардни цицки“. Мислам дека тоа е срамно, бидејќи криејќи се себе само создаваме многу штета.



 

 

 

 

 

 

 

Извор: www.vice.com

 

 

Слични содржини

Општество / Активизам / Фотографија / Став
Активизам / Фотографија / Уметност
Општество / Фотографија / Култура / Уметност
Општество / Активизам / Фотографија
Општество / Живот / Уметност
Општество / Фотографија
Општество / Фотографија / Скопје 1963-2013 / Историја

ОкоБоли главаВицФото