Откриени нови предци на модерниот човек, еволуцијата станува сè покомплицирана

20.07.2019 01:44
Откриени нови претци на модерниот човек, еволуцијата станува сè покомплицирана

Во пештера на Филипини научниците откриле нова гранка на семејното стебло на човештвото.

Пред најмалку 500 000 години, изумрен човечки вид живеел на подрачјето на денешниот остров Лузон, соопштиле научниците. Можно е „Homo luzonensis“, како што научниците го нарекуваат овој новооткиен вид, да бил висок помалку од еден метар.

Ова откритие се надоврзува на сè покомплексните откритија за еволуцијата на човештвото. Таа воопшто не била толку едноставна како што се мислело некогаш, туку подразбира голем број разни чудни облици додека не сме станале тоа што сме денес. Нашиот вид –„Homo sapiens“ сега го населува целиот свет.

„Како што пронаоѓаме сè повеќе фосили, стануваме посвесни за фактот дека варијациите на нашиот изглед во минатото во голема мера го надминуваат она што денес го гледаме кај човечкиот вид“, вели Метју Токери, палеоантрополог од Универзитетот Лекхед во Канада, кој не учествувал во ова истражување.

На почетокот на 2000-тите години, Арманд Салвадор Михарес, дипломец од Универзитетот на Филипини, работел на ископувањата во пештерата Калао на островот Лузон, обидувајќи да пронајдат траги од првите земјоделци на Филипините. А потоа одлучил да копа малку подлабоко.
Истражувачите на индонезискиот остров Флорес пронашле коски на еден човеколик вид стар околу 60 илјади години. Начуниците го нарекле „Homo floresiensis“.

Според некои аспекти тој личел на нас, но Хомо флоресиенсис повеќе потсетувал на други хоминини (термин кој сега научниците го користат за современите луѓе и другите видови што припаѓаат на нашиот род Хомо). На пример, „Homo floresiensis“ правел орудија од камен. Но возрасните припадници на овој вид достигнувале висина од само еден метар и имале многу мали мозоци. Оваа чудна комбинација предизвика полемики за тоа кои се, точно, нашите предци.

Најстарите фосили кои датираат од периодот од пред повеќе од шест милиони години се пронајдени во Африка. Во текот намилиони години хоминини биле ниски двоножни мајмуни со мали мозоци.

Меѓутоа, пред околу 2,5 милиони години, еден род од африканските хоминини почнал да еволуира и да ги развива карактеристиките на денешните луѓе – порамно лице, поголем мозок и поголема висина, меѓу останатото. Овие хоминини се првите познати припадници на родот Хомо.

Првите фосили на Хомо надвор од Африка се појавиле подоцна, пред околу 1,8 милиони години. Еден од настанатите видови бил „Homo erectus“, кој се населил на истокот и југоистокот на Азија. Најмладите фосили на Хомо еректус се откриени во Индонезија и се стари само 143 000 години.

Нашиот род продолжил да еволуира во Африка. Се појавил Хомо сапиенс. Пред околу 50 илјади години нашиот вид стигнал во Австралија (Некои научници тврдат дека тоа се случило пред 65 илјади години).

Една хипотеза претпоставува дека Хомо флоресиенсис настанал од Хомо еректус. Дали хоминините стигнале и до Лузон, како што стигнале до Флорес?
„Тоа ме инспирираше да барам и понатаму и да копам подлабоко“, вели д-р Михарес, сега професор на Универзитетот на Филипини.

Во 2007 година, тој се вратил во пештерата Калао и неговиот тим ги пронашол коските.

Кога Филип Пајпер, археолог од Универзитетот, подоцна ги сортирал пронајдените коски забележал дека една од нив потсетува на мало човечко стапало.
При следното ископување во 2011 година, д- р Михарес пронашол уште човеколики фосили, меѓу кои имало и заби, делови од бутни коски, но и делови од коски на раце.

Во 2015 година, неговиот тим открил уште два заба катници кои биле стари најмалку 50 000 години. Фосилите потекнувале од три различни единки.
Михарес и неговите колеги заклучиле дека сите докази упатуваат на постоење на нов вид на родот Хомо.

Хомо еректус би можел да биде предок на хомините на Флорес и Лузон, а на овие осторви можеби стигнал бегаќи од големи бури. Дури постои и можноста „Homo luzonensis“ да настанал од хоминините кои на Лузон дошле илјадници години претходно.

Минатата година уште еден тим на истражувачи во друга пештера на островот Лузон пронашол коски на искасапен носорог. Покрај коските било пронајдено орудие старо 700 илјади години.

Овие две истражувања во најмала рака покажуваат на филипинскиот остров живееле хоминини уште пред 700 000 години, но и пред 50 илјади години. Научниците немаат одговор дали тие им припаѓале на истиот род.

„Мислам дека веројатно припаѓале, а во текот на следните неколку состици илјади години, Хомо еректус се смалил за да се прилагоди на животот на островот“, објаснува Герт ван ден Берг, археолог од Универзитетот Волонгонг во Австралија и коавтор на минатогодишното истражување.

Д-р Токери не се согласува со оваа интерпретација. „Не верувам дека станува збор за минијатурен Хомо еректус“, вели тој.

Според него, овие мали островски хоминини имале исто толку мали предци, можеби по потекло од Африка, а кои се населиле во Азија и така стигнале до островите на Филипини, во потрага по засолниште од поголемите хоминини.

„Но тоа сеедно наведува на прашањето дали ако ги пронаоѓаме тие остатоци, има и некакви траги и во другите делови на континентот“.

Извор: The New York Times

 

ОкоБоли главаВицФото