„Забот“ - краток филм

22.07.19 00:35

„Девојките се чудни“, бебињата се чудни. Телата се многу чудни“, вели шпанската аниматорка и режисерка Ана Перез Лопез (Ana Pérez López).

Во краткиот анимиран филм „Забот“ (Las del Diente), авторката користи извадоци од разговорот со три жени. Тие зборуваат за телото, мајчинството, репродуктивното здравје. Филмот е инспиративна, освежувачка и искрена појдовна точка за промислување на тоа што значи денес да се биде жена.

Филмот има добиено неколку престижни награди и признанија, а во текот на 2018 и 2019 година бил дел од официјалните програми на педесетина фестивали на анимирани и документарни филмови. Извор: Vimeo

 

 

ОкоБоли главаВицФото