Неколку илјади вработени во НАСА одбележаа половина век успешно криење на измамата дека човек слетал на месечината

22.07.2019 09:20
Неколку илјади вработени во НАСА одбележаа половина век успешно криење на измамата дека човек слетал на месечината

Еден од клучните „инженери“ на НАСА за време на мисијата Аполо 11, а всушност глумецот Крис Крафт, раскажува дека не е мал потфат да се држи јазикот врзан толку долго.

-Од 1969 до денес, сите кои работеле во НАСА морале да се заколнат дека никогаш нема да откријат дека слетувањето на месечината е снимено во холивудско студио. И не само тие, туку и членовите на нивните семејства, најблиските роднини, пријатели, кумови и комшии. Можете да замислите колку се тоа луѓе вклучени во оваа измама на векот – вели Крис Крафт кој пред 50 години глумел дека нешто работи во Контролниот центар на НАСА во Хјустон за време на слетувањето на месечината. –Но, успеавме – луѓето и понатаму веруваат дека човек чекорел по Земјиниот сателит.

-Тешко е на комшиите да не им ја откриете тајната дека другиот комшија го озборува, а не па цели 5 децении да си го гризете јазикот за тоа како двајца астронати никогаш не шетале по месечината и дека оној третиот лик не ги ни чекал во модулот. Тоа не е мал потфат и им честитам на сите луѓе кои до денес не зуцнале ни збор за лажираното слетување, а ги има сигурно неколку стотини илјади. Ве молам, немојте ни вие да откривате дека во прашање е измама, инаку сѐ ќе оплескате – г. Крафт го замоли нашиот новинар кој му вети дека ќе ја чува тајната.

-Тоа што Армстронг не е веќе жив, ниту пак Кјубрик, не ни дава за право да се опуштиме и да мислиме дека тајната ќе остане вечна бидејќи многу лесно може да се случи некој од нас уз пијачка да ја избрбори целата вистина, а тоа би ја срушило целата оваа долго припремана и увежбана измама во која се вклучени повеќе стотини илјади луѓе – вели Џин Кранч, исто така еден од главните „инженери“ на НАСА кој седел во Контролната соба тој 20 јули 1969 година.

Како што дознаваме од инженерите не НАСА, конечно во фотошоп го завршиле ретуширањето и на последниот сомнителен детал од оние 10 000 фотографии од студиото во кое е снимено лажираното слетување на месечината бидејќи, како што велат, „цело време се наоѓа некој ‘паметен’ да забележи кабел на песокот кој е донесен од блиското градилиште или тоа дека сенките на астронаутите поради рефлекторите не се паралелни“.

Извор: https://www.njuz.net/