Мал чекор за човекот, но голем за човештвото: 50 години од мисијата Аполо 11

22.07.2019 12:06
Мал чекор за човекот, но голем за човештвото: 50 години од мисијата Аполо 11

Пред 50 години човекот стапнал на Месечината. По неколку пробни лансирања без човечка посада и повеќе летови околу орбитата на Земјата со посада, првиот лет на човекот на Месечината во рамки на американската програма „Аполо“ се случи во 1969 година.


Кога вселенскиот брод „Аполо 11“ со космонаутите Нил Армстронг, Едвин Олдрин и Мајкл Колинс влегол во стабилна траекторија околу Месечината, од него се одвоил лунарниот модул „Орел“ кој се спуштил на Месечината.


Првиот човек кој стапнал на Месечината и таму престојувал 2 часа и 21 минута, Нил Армстронг, при овој историски настан кажал: „Ова е мал чекор за човекот, но голем за човештвото!“


На 21 јули 1969 година, во 2:56 по универзално време, Нил Армстронг стана првиот човек кој зачекорил на Месечината, а набрзо му се придужил и Едвин (Баз) Олдрин. За тоа време Мајкл Колинс бил во командниот модул, во орбитата околу Месечината.


Аполо 11 ја исполни визијата на претседателот Џон Ф. Кенеди за освојување на Месечината пред тоа да го стори Советскиот сојуз кон крајот на 1960-те години. Својата визија тој ја искажа во говорот во Конгресот во 1961 година: „Верувам дека оваа нација мора да се посвети на постигнување на целта, пред да заврши оваа деценија, слетување на човекот на Месечината и негово безбедно враќање на Земјата“.


По Аполо 11 уште пет мисии од програмата Аполо слетаа на месечината во периодот од 1969 до 1972 година.



Аполо 11 слета со најмалку гориво во однос на другите мисии и астронаутите биле предупредени со прераниот аларм за горивото кое било на крајот, зашто, како што подоцна било утврден, прскањето на горивото повеќе отколку што било предвидено го покрило сензорот. На идните мисии биле вградени дополнителни прегради за да се спречи тоа.


Два и пол часа по слетувањето, пред да започнат подготовките за активности надвор од вселенскиот брод (EVA), Олдрин ја емитувал следнава порака:

„Овде е пилотот на лунарниот модул. Би сакал да ја искористам оваа можност и од сите луѓе кои слушаат, каде и да се наоѓаат, да застанат за момент и да размислат за настаните од изминатите неколку часови и да се заблагодарат на свој начин.“

На 23 јуни, последната ноќ пред да слетаат в море, тројцата астронаути се појавиле во директен телевизиски пренос и Колинс коментирал:

„...Ракетата Сатурн V која нè однесе во орбитата е неверојатно комплицирана машина чијшто секој дел работеше беспрекорно... Ние секогаш имавме доверба дека оваа опрема исправно ќе работи. Сето тоа е возможно единствено со крвта, потта и солзите на многу луѓе...Сè што гледате сме ние тројцата, но под површината има илјадници и илјадници други и на сите нив би сакал да им кажам: многу ви благодарам“.


Олдрин дополни:

„Ова е многу повеќе од тројца луѓе во мисија на Месечината, повеќе од напорите на владата и на индустријата и дури повеќе од настојувањата на една нација. Ние чувствуваме дека ова е симбол на нескротливото љубопитство да го истражи непознатотото целото човештво…Лично, сеќавајќи се на настаните од изминатите неколку денови, се потсетувам на стих од псалмот: „Кога ќе ги погледнам небесата твои, дело на прстите твои, месечината и ѕвездите, кои ти си ги поставил, што е човекот за да го спомнеш?“


Армстронг заклучил:

„Одговорноста за овој лет најпрвин е на историјата и на џиновите на науката кои му претходеа на ова достигнување, потоа на американскиот народ кој по сопствена волја ја изрази својата желба, потоа на четири администрации и на нивните конгреси заради примената на таа желба и на агенцијата и индустријата која го изработи нашето вселенско летало, Сатурн, Колумбија и Eagle, малиот ЕМУ, вселенското одело и ранецот кои беа нашиот мал вселенски брод на површината на Месечината. Би сакале да им се заблагодариме на сите Американци кои го граделе вселенското летало, кои работеле на изработка на дизајнот, тестирањето, и кои во леталото ги вградија своите срца и способности. На тие луѓе, вечерва, им даваме посебна благодарност и на сите останати луѓе кои нè слушаат и гледаат. Бог да ве благослови. Добра ноќ од Аполо 11“.

***

Море од спокојство на Месечината. Фотографијава уште пред десет години ја направи сондата Lunar Reconnaissance Orbiter (LRO) од орбитата околу Месечината. Во вечната пустина, како молчалив сведок на величествениот момент на човечката историја, и понатаму лежат делови од лунарниот модул и друга Аполо 11 опрема, како и траги во прашината кои во текот на двочасовната прошетка на 20 јули 1969 година ги направиле Нил Армстронг и Баз Олдрин. Нема ништо страшно во тоа да се сомневате – што и да мислите за слетувањето, тоа е ваша работа, но овие траги исто така ќе бидат тврдоглави. И секогаш ќе бидат таму горе. (Слободан Бубњевиќ)


 Седум занимливи факти за Месечината

Слични содржини

Никола Гелевски
Книжевност / Наука / Историја
Општество / Наука / Историја
Наука / Култура / Историја
Наука / Живот / Историја

ОкоБоли главаВицФото