Обична доцна вечер на московјанец кој не сака музика

23.07.2019 15:51

тој на дланката ја наоѓа
линијата на животот
таа му се допаѓа
како и самиот живот
ја притиска со прстите
и ја повлекува влево
потоа вдесно
потоа става врз нејзе
ситни предмети
киндер - изненадувања
смрзнати јагоди
со фломастер подвлекува гранки
сè е залудно
ништо не се менува
на крајот ја привлекува кон линијата на животот
линијата на љубовта
и тие се
заплеткуваат како жици на слушалки

Превод: П. В.

Андреј Сен-Сењков (1969), руски поет, прозаист и преведувач, роден во Таџикистан. Лекар по професија. Автор на повеќе поетски книги, на визуелна поезија и на лирска проза.

Според нескротливите комбинации на глетки и слики и неочекуваните поетски рефлексии тој е изненадувачки оригинална појава во современата руска поезија.

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото