Зар стана табу тема тоа што осомничени во истрагите на СЈО имаа можност да направат копии од снимките?

24.07.2019 01:51
Зар стана табу тема тоа што осомничени во истрагите на СЈО имаа можност да направат копии од снимките?

Ако има трошка сомнеж во интегритетот на некои поединци што работеле во #СЈО изминативе години, тоа е причина повеќе протечените телефонски разговори („бомбите“) да не се уништат, туку баш да се зачуваат и да се прегледаат уште еднаш за да се види дали во нив има „пропуштени“ докази и за други кривични дела, покрај оние за кои СЈО до сега имаше покренато постапки.

Ако државата ги уништи „бомбите“ пред да се направи такво „чешлање“ од страна на комисија со највисок степен на кредибилитет и непристрасност, тогаш се отвора простор за шпекулации кои уште повеќе ќе ја намалат довербата во институциите. Бездруго е добредојдена е и помош од ЕУ, вкл. Прибе и др. експерти.

Лаички гледано и само во „бомбите“ што беа објавени имаше индиции за низа кривични дела за кои до сега не се покренати постапки. Од предизборни рекети (Бонева до Груевски за Струмица), злоупотреба на државен апарат за лични и партиски цели (инспекции во Прилеп), илегално богатање преку купување имоти „за џабалак“ со злоупотреба на службена положба за менување ДУПови и ГУПови (Водно), менување ДУПови и ГУПови за да се одмазди Груевски на луѓе што не гласале за него (Центар карши Музеј на град Скопје), учество во прикривање убиство (Нешковски), наредби за перење пари преку АЕК преку наводно снимање „документарци за македонската борба“, местење цели избори, како и кривичното дело непостапување од функцинери при знаење дека е извршено кривично дело.

Дополнително, зар стана табу тема тоа што осомничени во истрагите на СЈО имаа можност да направат копии од снимките пред да организираат злосторничко здружение за уништување на опремата? Дали осудениот бегалец од законот , кодош на привремена работа во Будимпешта во гепекот понел преносни хардискови со државни тајни (на нашата и пријателски држави, добиени со прислушување на комуникациите направени од нивни претставници преку мрежи на Телеком, Оннет, ВИП и др. локални оператори) и нелегално снимени приватни разговори погодни за уценување од кои може да вади информации со кои тргува со тајните служби (оние од случајот „Шпиун“, на чив претседател Орбан, 3 месеци по спектакуларните апсења на локалните наводни шпијуни #Хорхе му даде медал за заслуги) и можеби поисточните, за да ги задржи украдените пари и слободата? Дури и во унгарскиот парламент власта призна дека го користат како извор на информации за Балканот и затоа се среќаваат со него криешкум во станови на службите!

Дали братучед му го сторил истото? Како е обезбедено и неповторување на такви дела?

Дополнение: Дали законот што се предлага е во согласност со препораките на Венецијанската комисија, која имајќи ја предвид и праксата на Меѓународниот суд за човекови права од Стразбур (највисокото тело во нашиот правен систем) укажа дека „бомбите“ се докази за кои поради содржината јавниот интерес натежнува во однос на начинот на кој се направени. Фала Jasna за линков (суштината е по стр. 6) 

 Слики: Свирачиња

ОкоБоли главаВицФото