(Верувајте, луѓе мои...)

24.07.2019 14:13

Верувајте, луѓе мои,
Ѓаволите се олоши,
Од смртта полоши.
Поради ѓавол еден кус
Три пати
Имав абортус.
Костја -
Така ѓаволчето
Се викаше.
Со опавчето ме
Скокоткаше.

Превод: П. В.

Игор Хољин (1920-1999), истакнат руски поет, роден во семејство на царски офицер. Тешкото детство го завршил по детски домови, селејќи се од едно место во друго. Во триесеттите години живеел и како бездомник. Во Втората светска војна учествувал од почетокот до крајот. Два пати бил ранет.

Поет е авангардист чија поезија се потпира на „обериутите“ - Хармс, Веденски и Олејников. Пишувал во слободен стих, со јазик богат со хумор, каламбури, игри со зборови, поп-арт колажи и концептуализам, настојувајќи со поезијата да ги открива лицата и наличјата на стварноста.

Во 1974 година умрела жена му на породување, и додека нивното дете немало старател, цели седумнаесет години Хољин не пишувал стихови.

Почнал да пишува, инаку, во 1949 година, а првата книга му излегла во Париз 1989, а нешто подоцна и во Москва.

ОкоБоли главаВицФото