Почина актерот Рутгер Хауер најпознат од филмот „Блејд ранер“

24.07.2019 22:30
Почина актерот Рутгер Хауер најпознат од филмот „Блејд ранер“

По кратко боледување, на 75-годишна возраст почина познатиот актер Рутгер Хауер. Тој починал во својот дом во холандското село Битстерсвааг на 19 јули и е погребан во средата без голема медиумска помпа.

Во текот на неговата 50-годишна кариера играл во на 115 филмови и ТВ-серии, а најпознат е по улогата во „Истребувач“ (Blade Runner), култниот научно-фантастичен филм на Ридли Скот од 1982 година.

Холандскиот актер е најпознат по улогата на Рој Бати, главен непријател на ликот на Харисон Форд и водач на бандата репликанти, во филмот од 1982 година. Тој самиот си ги напишал репликите и оттогаш стана култен негативец.

За споредната улога во филмот „Бегство од Собибор“ од 1987 година е награден со Златен глобус. Глумел и во филмот „Sin City”.

Беше најпознат по улогите на негативец. Во родната земја е одликуван со титулата Витез од редот на холандскиот лав.

На неговата официјална веб-страница на интернет е објавено дека зад него останале сопругата Инеке тен Кате со која бил во брак 50 години, и ќерката Ајша Хауер која ја добил во бракот со Хајди Мерз.

Бил активен во здруженијата за зачувување на природата и е познат како отворен поддржувач на организацијата Гринпис и основач на здружението „Starfish“, непрофитна организација посветена на подигањето на свесноста за сидата.

Извор: variety.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото