Атина меѓу Брисел и Пекинг

25.07.2019 08:16
Атина меѓу Брисел и Пекинг

За Кина е добра вест тоа што на парламентарните избори во Грција победи конзервативната Нова демократија. Киријакос Мицотакис кој е пријателски настроен спрема бизнис секторот е веќе нов премиер. „Сега ќе ги засукаме ракавите!" вели овој51 годишнен политичар. Неговите цели се да го удвои економскиот раст, да ја намали бирократијата, да ги намали даноците, да ја поттикне приватизацијата и повеќе инвестиции од странство, секако и од Кина.

Од 2008 до 2014 Грција забележа пад на третина од БДП. Земјата е задолжена со 170 проценти од економската сила, цифра без конкуренција во еврозоната. Од 2010 земјата ја напуштиле 500 илјади лица. Повеќе од 90 проценти од мигрантите се академски граѓани. Грција и натаму има кредитни долгови од повеќе милијарди, а враќањето ќе трае со децении. Актуелниот економски раст од 1,9 проценти и е слаба утеха. Атина останува зависна од големи инвеститори како Кина.

Нова демократија од секогаш била пријателски настроена кон Кина

Сепак владата на Сириза која падна од власт беше таа што склучи договори со Пекинг со кои Грција како прва развиена индустриска земја учествува во кинескиот Пат на свилата. Грците уште во април под водство на Ципрас се приклучија на „16+1" иницијативата, со која Пекинг ги надградува своите инвестициски планови во средна, источна и јужна Европа.

Фундаментот за пријателската клима кон Кина го постави Неа демократија во мандатот од 2004 до 2009 година, што особено важи за соработката во Пиреја. Тамошното пристаниште стана клучен проект за новиот пат на свилата на Пекинг. Кинезите инвестираа таму кога ниту еден од Европејците немаше интерес за Грците. Доказот на доверба се исплатеше бидејќи во период од десет години кинескиот гигант за бродски транспорт Коско пропаднатиот плац за претоварање на контејнери го претвори во најбрзо растечко пристаниште на Средоземно море. Тоа веќе сега е кинеската порта кон Европа и прво пристаниште до кое стигнуваат бродови со контејнери од Азија откако ќе го поминат египетскиот Суецки канал. Таму продуктите се претовараат на помали бродови за различни дестинации во Средоземно море. Друг дел преку железничките линии низ Балканот стасува до Средна Европа.

Ширењето на железничките линии исто така ужива огромна поддршка од Кина. Од 2016 Коско го има мнозинството во компанијата која го работи пристаништето, а и во патничкиот дел Коско има големи планови. За да го заживее туризмот треба да израсне нов терминал за крузери, синкролифт тежок 8500 тона и да се изградат четири луксузни хотели, два паркинга и луксузен шопинг центар на самото пристаниште. Бизнис кој ветува, особено со оглед на новата желба за патување на растечката кинеска средна класа кои од тука и можеле да одат во посета на грчките острови.

Крај на блокадата на Ципрас

На почетокот на март Комитетот за планирање и развој на пристаништето ги замрзна плановите за проширување на неодредено време. Покрај аргументот дека тој реон е од "арехолошко значење" градските власти се изјаснија дека огромниот "Хај енд" трговски центар и новите хотели може да ги надминат туристичките придобивки и да резултираат во принудно затворање на малите бизниси и локали. Високи кирии и зголемена автоматизација на пристаништето веќе влијаат негативно врз локалните претприемачи. Премиерот Алексис Ципрас уште од 2008 се бореше против проектите за приватизација на пристаништето, објаснувајќи во стилот на грчка трагедија дека Коско ќе стане Пиреј во „агонијата на пристаништата".

Мицотакис сега ќе се обиде, повторно да ги намали пречките за Кинезите. Тој сака да му покаже на Пекинг дека Грција им е стабилен партнер во Европа на кој може да се потпрат. Кинезите веќе се влезени во грчкото електростопанство, како и во изградбата на стариот аеродром Елинико. Но, Грција поради високите кредити истовремено мора да одговара и пред Брисел.

Таму пак го обвинуваат Пекинг за саботирање на иницијативите на ЕУ како самитот „17+1". Брисел најави и поостар курс кон кинеските инвестиции во Европа. Тоа пред се би се случило доколку Урсула фон дер Лајен биде избрана за претседател на Европската комисија. Таа како министерка за одбрана веќе го опиша подемот на Кина „како безбедносно политички предизвик.". Таа е критички настроена кон новиот "пат на свилата". Кина си ја гради моќата така преку создавање зависности насекаде во светот, особено преку кредитирање, објаснува таа. "Ние мора заеднички како Европејци да ги дефинираме и спроведеме нашите интереси во однос на Кина."

Истовремено да се задоволат Брисел и Пекинг

Ова не и го олеснува на Грција одржување на добрите односи со Кина. Тешко веројатно дела ќе се откажат од ветото за Кина на кое Грција во летото 2017 година се обврза во заедничката декларација на ЕУ поради состојбата со човековите права, индиректно поради влијанието на Пекинг. Но факт е дека многу кинески договори беа овозможени поради притисокот на Брисел врз Грција за време на должничката криза од 2008 година. Тогаш ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд ја принудија да спроведе програма за приватизација. Гротескно, Европејците не сакаа да инвестираат ниту во пристаништето во Пиреј, ниту во железница до таму. Кога влезе Пекинг, следеше брза критика од Брисел. Не си ја замислија така приватизацијата.

Киријакос Мицотакис важи за пријателски настроен кон економијата и бизнисот. Изнаоѓање на средината меѓу грчките интереси и интересите на ЕУ и Кина, со сигурност ќе му биде еден од поголемите предизвици во неговиот мандат.

Извор: DW

 

ОкоБоли главаВицФото