Процес

29.10.2010 10:32
Процес

Најефикасниот начин да се истераат гулабите од нечија тераса е вработувањето на гулаб-истерувач. Со помош на редовна исхрана тој гулаб може да се истренира сите други пердувести натрапници да ги брка од терасата. Истата тактика ја користат пософистицираните властодршци за малтретирање и заплашување на оние кои им ја загрозуваат власта. После четири години повеќе-помалку отворен терор спрема сите што мислат поинаку, македонската власт ја доби генијалната идеја со гулабите-истерувачи. Вистина, во преродбеничката менажерија нема само гулаби; има и питбули, нагоени мечки, дрски петлиња, борбени гуски, гладни кокошки...

Та така деновиве фрчат судски пријави со кои се бараат десетици илјади евра, стотици просечни македонски плати, како скромен надомест за душевни болки предизвикани од клевети и навреди. На удар се клучните фигури на граѓанскиот отпор изминативе години: Ирена Цветковиќ и Жарко Трајаноски. Ирена е дел од Плоштад Слобода, групата која најжестоко се спротиставува на лудачкиот проект „Скопје 2014“; Жарко, пак, е дел од ГЕМ, Граѓаните за европска Македонија, група која (исто како и Плоштад Слобода) на најразлични начини, меѓу кои и физички, беше оневозможувана изминативе две години. Велам, власта решила малку да паузира во директното злоставување на слободните граѓани, та затоа преку сосема партизираниот судски систем во божемни граѓански спорови се обидува да ги дотолчи сите досега недотолчени (а брливи и брборливи) поединци и групи.

Знам за што зборувам зашто и самиот сум континуирана мета за отстрел. Пред неколку месеци судот ме обвини дека сум го наклеветал Драган Павловиќ Латас во процес што наликуваше на фарса; во процес во кој судијката јавно и отворено беше изложена на најрадикални закани доколку не пресуди во полза на Латас. Целиот мој процес баш личеше на романот „Процес“, комплет со морбидниот хумор. Ќе потсетам на фигурите (метафори?!) на Кафка: Јозеф К. се појавува на судот само еднаш. Зградата на судот е офуцана и до половина срушена зграда со многу станови и соби, така што се чини неможно судот да заседава на едно такво место. Бидејќи не може да ја пронајде судницата, К. мора да се качува низ скалите и да ги прашува збунетите станари за насоката. Во еден ходник К. почнува муабет со една перачка, која е жена на судскиот вратар, а ја прогонува некој студент по право кој има важни врски во судот. Неговиот интерес за перачката е од сексуална природа. Наеднаш се покажува дека судот заседава во соседната соба, а патот до судницата води низ приватниот стан на перачката. Веднаш зад неугледната врата на судницата цел куп луѓе го чекаат доаѓањето на К.

Ете, така изгледа македонското судство во моментов, под команда на преродбениците. На кафкијански кошмар. А самата преродба ја замени бесконечната транзиција претворајќи се во процес. Како што сјајно објаснува филозофот Младен Долар, во „Процес“ станува збор за процес на „станување странец“ (според терминологијата на Делез). Стануваш туѓинец во сопствениот град и земја, стануваш туѓ меѓу домашните, стануваш прогонет меѓу оние што ја сочинуваат заедницата. Од поглавје во поглавје К. сè повеќе ќе станува туѓинец, до целосната пропаст. Судењето е постанување, како што вели Долар, тоа е процес, и затоа треба сериозно да го земеме германскиот наслов, Der Prozess, и неговата двозначност која се губи во англиската верзија: The Trial. Бидејќи не станува збор само за законска постапка, туку за процес како преобразба во тек. Процес е трансформација, метаморфоза, нешто што потсетува на другото славно дело на Кафка, новелата за Грегор Самса.

Тоа се стратегиите на преродбениците: транзицијата да ја претворат во вечност, да ја окаменат виталноста на нацијата во споменици, поинакумислечките да ги прогласат за непријатели и, ако самата дифамација и исклучувањето не се доволни, бубачките треба да се згазат. Системот, значи, почива во постојаното неумерено произведување лаги, закани и магли со кои се задушува нормалниот поглед и нормалната клима.


Но, да се разбереме: тие магли се испрдоци. Цепелинот на преродбата плови со помош на издувни гасови. Маглата и смрдеата служат повеќе за затскривање отколку за лет. Макотрпна работа е тоа, да произведеш такво количество гасови за пастирот божем озгора да ни мавта и да ги допира замислените воздушни врвови на велелепните споменици и антички згради. Но, работата е јалова - тоа е како да се извлекуваш од живата кал влечејќи се за сопствената коса, како баронот Минхаузен.

Низ можеби појасен политички јазик искажано: македонската власт се бори наместо млитавата демократија да ни го воведе суровиот витализам на национализмот; наместо мирната демократска реформа да ни смести една тивка и речиси безболна (оти анестезиите се јаки) национална револуција; наместо прекин со тоталитарните аспекти на минатото нам ни се нуди континуитет со најжилавото во тоталитаризмот - националистичкото движење. Но, велам, најсмешното е што сето тоа е фарса; дури и национализмот во кој се колнат е сосема лажен, балон наполнет со испрдоците на најсмешната пропагандна машинерија (менажерија) што се појавила на просториве од Алан Форд навака. Тоа се луѓето што претпладне по фамилијарните судови добиваат процеси за клевата и навреда, а попладне блујат прдежни огнови против истите осудени предавници. Да, луѓе страдаат, комедијата влече накај трагедија, но е неумоливо смешна, и покрај сè. Токму како што Кафка ја опиша.

Извор: Глобус, 26.10.10.

слики: Адријан Гени

 Во едно сметам дека Коља

 Во едно сметам дека Коља можеби прави превид. Листата на заплиснати од мошусот на ’преродбените’  е поголем од кругот на веќе експонираните  во јавноста. Можеби наведените го окркаа најмногу со постојаните судски малтретирања и дефамација на прдежните медиуми, меѓутоа и кај анонимниот свет има многу кои ако ништо друго се понижени со преместување на полоши работни места или се сосем избркани. Или со тоа што им шефуваат пицопевци од штапската камарила. Или што заради каква таква егзистенција прифатиле  да се гузат во тендерските ујдурми за сметка на натпрдежните. Да не спомнуваме узурпација на земјиште, неплатени фактури..
Конечно и главната прдежна елита мора на неколку месеци да биде пропувана  на директните преноси на  кои му пелтечат на лидеро за ’сработеното’,  што секако е гротеска од севернокорејски маштаб.
Значи, гневот е тука, само наместо салонските политичари и накинџурените госпожи задоволени со сите удопства - што читаат слабокрвни соопштенија, на народот му требаат лути луѓе кои искрено ќе грмнат за неправдата. Некои кои се кредибилни во тоа што го велат и за кои нема калкулации.
Ама, можеби тогаш елитите се плашат до каде бранот на промени ќе заплисне и кого се може да однесе?
 

о гревче он, калимеро нема

о гревче он, калимеро нема правда.

у последно време се почесто изигруваш жртва, дали оти секнаа државните пари (од мојот џеб) на ДРЖАЛНИКОТ за архибригадири, плоштатџии, ГЕМиџии, европски македонци...и други соросоидни чирови на ова општество.

Се има крај, само Латас е вечен !
(ова за благо покачување на крвниот притисок)
 

Според мене, сепак

Според мене, сепак најголемата трагедија е што оваа политичка опција, која доби речиси акламациска подршка од гласачите, одвратно потфрли и се метаморфозира во антипод на своите вербални заложби. Немањето знаење како да управуваат со еден сложен систем каков што е држава, највидливо е во тоталното непознавање на концептите на јакнеење на приватната иницијатива и ослободување на креативната енергија. Повеќе од јасно е дека се што успејаа е да го етатизираат-партизираат општеството, оживувајќи ги сеништата на најзадртиот колективизам. Што е најинтересно, потсвесно знаат дека прават големо зло и му служат на нечестивиот и затоа постојано глумат ’будни’, бидејќи ’непријателите’ во вид на комуњарите, српските служби, предавниците и сл. , нели, постојано им ги саботираат напорите и се виновни за нивните неуспеси (види коментар на ’јас’ погоре - карактеристичен пример на листа на непријатели од мајндсетот на прдежните). Целата ’програма’ им се сведе на бескрајна јавна набавка. Што е најлошо, континуираните неуспеси барем една политичка опција да направи нешто опипливо успешно во Македонија во последниве 20 години, само го зацврснува чувството на немоќ на Македонците и нивниот комплекс дека не се кадерни да водат држава и да си го уредат животот без странски менторства.

 Ќаре? Даоѓање на подобри

 Ќаре? Даоѓање на подобри комуњари од актуелните комуњари.
Како што викаше Лошко : Сакам да бидам Султан место Султанот.
Mижи Арслан Кољо ти бае :-)

Како мрчењето против судот на

Како мрчењето против судот на Окно е различно од мрчењето против судот во хм „провладините медиуми“?

Чекаме да му објасните на

Чекаме да му објасните на народов, какво е..но граѓанско движење е ГЕМ, кога произлегува од проектот "Надеж", истото важи за Плоштад Слобода, а дека Жаре-активистот, независен нели, говореше на митинг на партија, ич не праам муабет. Ај бидете доблесни, одговорете. Само немојте со она Бранковото -го јакневме граѓанскиот сектор, не стои. Еве ја ке си отворам дуќанче- ама на сите ке ви го давам профитот- тоа му е логиката. Па уште Словенците ви требаа за сево ова??? Само навлековте гнев кај народот.

Соња, мила, вие сте

Соња, мила, вие сте непоправлива и безнадежна будала. Златни Црни Грујо во овие 4 години потроши меѓу 50 и 100 милиони евра даночни пари за лично рекламирање. Ако кон тоа ги додадете барем тристоте милиони евра за споменици и згради (кои служат да го величаат пастирот) ќе добиете бројки и значења од кои и Ким Ил Сунг не би се посрамил.
Претседателот на државата, во оваа земја, игра речиси безначајна улога. Дури и да отпатува негде - треба да моли пари од владата (како што молат судиите тоалетна хартија и компјутер, како што молат академиците, учителите, земјоделците...).
Со својот мал буџет претседателот сепак треба да работи, зарем не, будалеста Соња?! Нарачувал некакви стратегии претседателот? Па?! Тоа му е работа, чинам.
Понатаму: ГЕМ и Плоштад Слобода немаат блага врска со Црвенковски, нит дур бил претседател нит сеа. Ама каква корист, јадна консумерке на латасоидни спинови, Соња, будалетинко, вам да ви се објаснува што било, со оглед на вашиот пилешки мозочен капацитет за разбирање?! До вчера збореа (зборевте) дека сме грчки платеници. Потоа дека не’ плаќа Сорос, пријателот на Грците, нас соросоидите (а Грците го сметаа Сорос за „проскопјанец“). Заиграа богами и тупаниците (ко што и сега, со спиновиве, пак се најувуваат закани, пресметки и тупаници, и тоа во име на „гневниот народ“ ни више ни мање - истиот народ од којшто Златниот-Црниот со фамилијата поцица десетина милијарди евра изминативе 4 и по години, лично за своето фирмиче Аналитико АИ /Македонија е неговото фирмиче, да појасниме/).
На крај: ете, дури и до коваме заговор против Златниот-Црниот&Фамилијата, дури и чудовиштето Бранко лично да го формирал ГЕМ и да ја држи цела невладина сцена (а едвај ја држи таа раскантана партија), велам, дури и да е така, зарем тој чин не е патриотски до коска?! И тоа не само што е патриотски (оти се спротиставува на едно лудачко владеење), туку, според мене, просто е ултимативен: најпрвин, зашто работа на претседателот е да ја спасува земјата; а потем, ултимативен е зашто оној кој во моментов не се спротиставува на лудилово на власта или е многу исплашен, или работи за изродбата, или баш не му вртат тркалцата во главата.
Повторувам уштев еднаш: камо среќа Бранко да беше толку јак да може да влијае на разјебаниот граѓански сектор во земјава (кој Златниот-Црниот со вакви спинови дополнително го толчи, да не остане камен на камен, ко што го столчи судството). Дотогаш, дур стварно не се создаде пореална сила во општествово, дур стварно не смогнеме сили заедно да го срушиме зосторничкиот режим, ќе си кевкаме вака сам по сам и ќе им објаснуваме на ретардите&манипулантите од типот на Соња дека било вака и онака.
Ернст Јингер така зборуваше 1929 година за Германија: нема заедничка акција; самиот крчиш, со некакво ноже, некаков пат низ џунглата, и се’ што имаш е слабата верба дека некој друг некаде во тој див хаос го прави истото.

Јас лична навреда не упатив

Јас лична навреда не упатив никому, дигни го нивото. Еве прво земи сабја за пробивање низ џунглата , сабја од зборови.Смогнете сили вие 100тина и  не го вреѓајте народот, не го гледајте од високо. Дури и вам ви е слаба вербата зошто знаете дека нема да се вратиме во Бранковата жабокречина уште дооолго долго. И да...имате право,не е Бранко веќе "толку јак", може само вас неколкумина да ве издржава, а не цела држава. Тој работел против државата. Еј, претседателот работел против сопствената држава, и тоа не го негира со финтата признавам=значи не сум крив. Па тоа ако не е спин незнам што е!

 Ниво Ала Кољо :-) На тој што

 Ниво Ала Кољо :-) На тој што им предавал на овие домашна култура треба да му ги земат парите.

 Мотивот на прдежните е

 Мотивот на прдежните е јасен. Власта ја сфатија во соголената форма, како лична фирма. Тука веќе нема никакви дилеми, 2.5 милијарди евра буџет Х 6 години =15 милијарди. Кога ќе се додадат кредитите и неплатените обврски тоа се веќе накај дваесет милијарди. Нешто ќе се скрцка како плати, телефони. службени возила, патувања. Плус масните проценти од ’сработеното’. Сурова калкулација. За таа свота нема што нема да се жртвува (гонења на критичарите по судови, скршени архи-глави, закани.. - се само увертира). И не верувам дека ќе бидат доволно ’глупави’ како СДСМ да дозволат фер избори, и да ризикуваат потоа друг да им решава за судбината. Башка им се погоди претходната политика на приватизација како згодна тема за ’континуирано едуцирање’на гласачите. 

Соња, мила глупачке, ништо не

Соња, мила глупачке, ништо не е лично: вие сте типичен претставник на изродбата: глуп (за оној што ги гризе латасоидните јадици благо е дури и глуп да му се каже); изманипулиран („лета магарето? Лета! Сосе самари!“); зол и перфиден (зашто вината за ужасот во земјата постојано се пренасочува кон почесните и похрабрите, оти тие реално можат да го заменат злотворот); стандардно неписмен и склон кон конспирации (правејќи политичка  стратегија претседателот правел заговор против државата поистоветена со фамилијата?! Како бе така, Соњиче?! Инспекторите, на пример, што во моментов (хипотетички, знаеме дека не го прават тоа) работат на истраги за корупција на министри или дури на неговото првосвештенство Златниот-Црниот - се предавници на државата?! Зуш така, бе, мила?! Зарем не е работа на претседателот да се бори за доброто на својата земја?! А има ли поголемо добро за земјава од обидот да се скроти /не дај боже да се тргне! оти ќе фрчат огномети!/ една злосторничка банда камуфлирана во партија?!)
Така што, драга Соњечка, ваљда сфаќате и самата - ништо не е лично. Вас не ве ни знаеме. Уште еден пропаганден испрдок од латасовата работилница за лаги и монтажи.Вие сте само јадно  парченце од пазлот (кој додуше почнува да се распаѓа) на опустошувачката изродба (прикажана како идилично поле со класја што се лулеат, од од небото глеа сеправедниот и премудар лик на пастирот). Ќе фучи косата, велите, што сега безгрижно е потпрено на дрвото?! Но, нема веќе плашење, Соња! Вие сте багра!

Еве ке ви се претставам, јас

Еве ке ви се претставам, јас сум професионалец во својата струка( природни науки), не сум среднист квази интелектуалец како некој што многу ме подсеќа на вас (?) зол и перфиден, пис на јазик, со многу псевдоними...јас сум од баграта, онаа гласачката, многу опасна, што ја смени злосторничката банда со друга. Почесна ? Можеби.. И немојте за корупција за да не се навраќаме во 90ти. Главното прашање беше како може ГЕМ да биде граѓанско движење ако е финансирано од една партија која троши народни пари, и створено од словенечките доктори. Дури ни сами не го смисливте ова, па да ви симнев капа

 Другар Плоштатко

 Другар Плоштатко (претпоставувам повеќе милувате да ви се обраќаат со „другар“ отколку со „г-не“, а и да не сум во право не ја заслужувате титулата „г-дин“),
 
1. Со таков вокабулар не се разговара со дама, но претпоставувам дека тоа е одраз на твоето домашно воспитување;
2. Ги споменуваш „почесните и похрабрите кои можат да го заменат злотворот“. Се прашувам дали мислиш на истите оние „чесни“ бивши функционери во тренерки кои чесно го ограбија народот преку своите пирамиди и октоподи, или на оние кои „храбро“ и без знаење на народот го променија знамето? Морам да те разочарам драг Плоштатко, ама чесните и храбрите или одамна се иселени во странство, или се неволни да се вплеткуваат во нешто толку нечесно како политика;
3. Бидејќи според твојот алијас претпоставувам дека си член на ГЕМ, имам едно кратко прашање : зошто твоите „главешини“ не излегуваат на прес-конференција за јавно да го осудат поранешниот ни‘ Претседател за нетранспарентното трошење буџетски пари, т.е. врбување консултантски фирми без јавен тендер и зад очите на јавноста?
4. Еден апел до Коља, Милчин & co. - доколку не се оградувате од вакви „суртуци“ како Гемиџијата, самите и‘ правите противуслуга на ГЕМ и останатите ваши граѓански и „непартизирани“ движења.

Соња, зборовиве одат во

Соња, зборовиве одат во ветар, како што беше јасно од првата секунда: вие сте само пропагандно (пропа-гадно) ехо. Каква партија, какви народни пари (мислите на оној народот што се гневи од ГЕМ, оти е ненародно движење?!), какvi словенечки доктори?! Си создадовте халуцинација - и се чипчите со канџиџките да останете во меурот. СДСМ не финансираа граѓански организации (особено не ангажирани и политички свесни) дури ни кога беа на власт! Претседателот не може да си плати пат каде што ќе посака - а камоли да финансира граѓански здруженија! Се знае кој финансира во земјава, не само здруженија, туку од дното до врвот - се’ е под шепата на премилиот ни и премудриот: од детски додатоци, ужинка во забавиште, преку распределба на студентски легла и стипендии, до вработувања, именувања и аминувања уздуж и попреку, преку секоја клетка во општеството - еден е одговорен, еден со својата додуше раzграната партија-фамилија-фирма.
Која е логиката дека некакви стручни Словенци го смислиле начнот на отпор кон Златниот-Црниот?! Зарем не е пологично дека токму ние, овдешните, мештаните, сме дошле до повеќе-помалку истите сознанија до кои дошле умните Словенци?! Луѓето од ГЕМ не се три дена на сцена. Повеќето од нив имаат барем децениски стаж на културната и граѓанската сцена и ако Словенците биле паметни (а изглеа дека биле) можеле да ги слушнат повеќегодишните залагања на луѓето од ГЕМ за поинакво, подемократско македонско општество.
Ви повторувам, Соња (додуше, не толку лично вам, пак ќе речам, туку на напрснатиот пазл,на оние меѓу вас - налик на безбројно умножените агенти во Матрикс, со кошулчињата-краватчиња:) - кои почнуваат да излегуваат од волвокс-структурата, од пастирското едноумие: отпорот кон власта што не’ води во пропаст (макар го воделе Словенци!:) е мера за патриотизмот во Македонија денес. И повеќе од тоа: мера за нормалност, храброст, грижа. И ако, ние отпорашите, сме во малцинство (во што длабоко се сомневам, оти изродбата преживува корумпирајќи околу 20% од населението; другите се главно исплашени и избезумени) - што докажува тоа?!

Се извинувам, Соња, дипломата

Се извинувам, Соња, дипломата да не ви е добиена кај доктор/доктор Бојо Андревски? Можеби ви ја врачил доктор Латас? Или магистер Ивона Талевска? Со оглед на степенот на писменост (нагалено наречен нулти) можно е во вашето образование да учествувале гореспоменатите егземплари, познати по својата аналитичност, финотија и писменост. (еве, сеа ви дааме деветка - ма какви нула! се зафркаваме, мила:), ама да научите: не знам се пишува раздвоено, после запирки, точки, загради итн. - се маа спејс (а истиот не се маа пред прашалник, извичник, точка итн.; ете, Соњечка, ако ги научите бар овие две три-ситници - на кои ќе ви љубоморат и најголемите умови од вашата пропагандна ќелија:) - ќе може да размислуваме за десетка, а богами и за више:)

Ааа, изглеа завршила смената

Ааа, изглеа завршила смената во „Центарот за комуникации“ (нагалено наречен „штакорњак“), исчезна Соњичето и се појави ново стамено и тврдо изродбениче што почитуе дами, а мрзи другари. И шо, така, бе, бате? Ја вака беспризорен, со знаење собрано од улици и со јазик на цигани&морнари (кои морнари?! нема везе, фурам фигури, сум читал дамна Социлингвистика од Бурдие, па ми останало нешо у тиквата), може не сум на господското реторичко ниво на службениците од „Центарот за комуникации“ (т.е. штакорњакот), ама сепак иам право на чоечки глас. Или неам право?! Или суд ќе праќате, ко што му дое на другарот (или господинот?) К.
Што трабуњаш, бе, бате Јустинијан?! Какви тренерки, какви тендери?! Пола од фамилијата (Ѕинго&Латас, на пример) дрмаа и во времето на тренерките и во сите тендерски времиња ни милата ни на-мрцина-од-прегазено-куче-налик Македонија (и оттаму претворена во штакорско гнездо по кое роварат и /пропагандни/ црви). Дај бе, изродбеници, набутајте по затвори све тоа сас тренерке&илегални тедери! Петта година тече! (девета откоа премилиот ни пастир управуе со парите) Наместо правда (скроз имаш право, бате, за волнените тренерски времиња - со душа ја чекам наплатата на казните!) видовме полициско-пропагандни курташаци. Ко што вели старата руска пословица: за правдата цело време слушавме, а само неправдата ја гледавме. Ти, бе, бате Јустинијан, и понатаму би да си бамбориш за правдата и за ѕверовите на црвениот барон?! Ако, машко, ако, машала, бамбори си, ко шо вика Соњиче, народот е уз вас и многу ни е гневен на нас од граѓанскиот сектор, а де не ја спомињам комунистичката опасност...

Другарче, пред да лепиш

Другарче, пред да лепиш етикети, прочепкај малку по сајтов и прочитај ги моите други коментари (на пр. во моменталната анкета). Да се разбериме, јас за сите политички партии и фигури го имам истото мислење како и Рамбо Амадеус - „исто срање, друго паковање...“ ,токму заради тоа со Ѕинговистите кое и самиот го кажуваш. Ништо нема да се промени во Македонија дури не се истреби целата таа генерација без‘рбетници со по 3-4 членски книшки!
Малку ми е сомнително што сеуште се сеќаваш на Бурдие кого, како што велиш, си го читал одамна, а не ти текнуе за октоподот на милиот ти Бранко... Заеби со тоа спиновите, толку сум отрпнат што повеќе не палат на мене. А, да, „заборави“ да ми одговориш на прашањето...

Што се запењави бе Гемчо? По

Што се запењави бе Гемчо? По хистеријата се гледа кој си, што не си го пишеш правото име? Па уште и ме лекторира, овој бесен коњ што си има издавачка куќа. Најписмен си од сите, стварно не се заебавам, иако немаш формално образование. 
И уште нешто. Ние нормалните луѓе за викенди одиме на планина, се дружиме со пријателите, готвиме добра храна...не висиме на Окно тебе да те коментираме.

Имам една скромна ама, чинам,

Имам една скромна ама, чинам, генијална идеја, во полза на чудесната ни надградена и проширена Преродба, а во духот на ингениозното:„Знаењето е сила, знаењето е моќ“. Вака велам јас: ВЕЧЕРНО УЧИЛИШТЕ ЗА ОПИСМЕНУВАЊЕ НА ХРАБРИТЕ - СО ЗБОР - БОРЦИ НА ПРЕРОДБАТА. Разработка: секој борец што ќе донесе 10 коментара против злогласните соросоиди предводени од Словенецот Бранко Црвенковски (нагалено наречен чудовиштето, не нејќу да се фурам во дигресии, сите знаеме за неговиот лик и дело) - ќе бидат наградени со учење на десет букви од македонската азбука (азбука што ја составил додуше исто толку озлогласениот Блаже Конески, нејќу ни името да му го спомнам, сполај му на бога). Оние што ќе донесат сто коментари (ама расфрлани барем во дваесет - со бројки: 20) текстови на соросоидите и предавниците, тие - освен учењето на сите букви од азбуката - ќе бидат изложени и на дополнителен вечерен курс по правопис и граматика.
Јес да отворивме мал миљон универзитети, ама тоа е за доктори и магистри. Ја зборам за борба на терен, за писменост, ви се молам. А без писмени - Преродбава ќе ни зашлајфуе. Што никој не го сака:)

Они се прдеж, вие сте пувеж,

Они се прдеж, вие сте пувеж, угушивте од сите страни. 

citam nedjeljni komentar koji

citam nedjeljni komentar koji jasno
kaze
tko ne misli ovako taj klevece i laze
ljudi bez kalibra i bez ideje
ufuravaju nam istine crno bijele
investicije su probile plafon trose se krediti
svuda mnogo paranoje svi su do grla u krizi
a mi bi htjeli da budemo centar svijeta
kineski sindrom za mnoga ljeta
a ja
ja nemam dara
zabranjeno da se odgovara
sljakeri danas zive kao bubreg u loju

nitko ih ne dira dok stoicki drmaju
lozu
penzioneri sjede mirno kao ptice na
grani

raj za moju staru vrte se tobogani
svako malo neko se pospe pepelom
po glavi
opreznost iznad svega budi pametan stari
a kaj ti tu mozes ne budi lud
oni budu tebe rista ravno na sud
moja mala nije nikad bila u Dzambo
dzetu
ne pada joj na pamet ona drzi dijetu
klinci zure u TV i to po cijeli dan
oci su im cetvrtaste kao ekran
ja se vracam kuci rano u pola sest
na prvom uglu konfisciram jogurte
udarac u glavu me brutalno dovlaci
svijesti
ako ne slusas kurvin sine neces ni
jesti

Азра - Недељни коментар - можете да ја слушнете тука http://www.okno.mk/node/2844

Една песна стара 100

Една песна стара 100 години:
 
NAŠI DANI
Razvilo se crno vreme opadanja,
Nabujao šljam i razvrat i poroci,
Podig'o se truli zadah propadanja,
Umrli su svi heroji i proroci.
Razvilo se crno vreme opadanja.
Progledale sve jazbine i kanali,
Na visoko podigli se sutereni,
Svi podmukli, svi prokleti i svi mali
Postali su danas naši suvereni.
Progledale sve jazbine i kanali.
Pokradeni svi hramovi i ćivoti,
Ismejane sve vrline i poštenje,
Poniženi svi grobovi i životi,
Uprljano i opelo i krštenje.
Pokradeni svi hramovi i ćivoti.
Zakovana petvekovna zvona bune,
Pobegao duh jedinstva i bog rata;
Obesismo sve praznike i tribune,
Gojimo se od grehova i od blata.
Zakovana petvekovna zvona bune.
Od pandura stvorili smo velikaše,
Dostojanstva podeliše idioti,
Lopovi nam izrađuju bogataše,
Mračne duše nazvaše se patrioti.
Od pandura stvorili smo velikaše.
Svoju mudrost rastočismo na izbore,
Svoju hrabrost na podvale i obede,
Budućnosti zatrovasmo sve izvore,
A poraze proglasismo za pobede.
Svoju mudrost rastočismo na izbore.
Mesto svetle istorije i grobova,
Vaskrsli smo sve pigmeje i repove;
Od nesrećne braće naše, od robova,
Zatvorismo svoje oči i džepove.
Mesto svetle istorije i grobova
Ostala nam još prašina na hartiji,
K'o jedina uspomena na džinove;
Sad svu slavu pronađosmo u partiji,
Pir poruge dohvatio sve sinove.
Ostala nam još prašina na hartiji.
Pod sramotom živi naše pokolenje,
Ne čuju se ni protesti ni jauci;
Pod sramotom živi naše javno mnenje,
Naraštaji, koji sišu k'o pauci.
Pod sramotom živi naše pokolenje.
Pomrčina pritisnula naše dane,
Ne vidi se jadna naša zemlja huda;
Al' kad požar poduhvati na sve strane,
Kuda ćemo od svetlosti i od suda!
Pomrčina pritisnula naše dane.
Vladislav Petković Dis (1910)

  Има песната и превод, баш

 
Има песната и превод, баш на Окно беше објавена:
 
НАШИ ДЕНОВИ
 
Се развило црно време на опаѓањето,
Надојдени се шлајмот, развратот и пороците,
Раширена е гнилата смрдеа на пропаѓањето,
Загинати се хероите и пророците.
Се развило црно време на опаѓањето.
 
Прогледале сите дупки и канали,
Високо издигнале сутерени,
Сите перфидни, сите проклети и мали
Станале денес наши суверени.
Прогледале сите дупки и канали.
 
Искрадени се храмовите и светиите,
Исмеани се сите доблести и честа,
Понижени се гробовите и животите,
Изгнасени и мртвите и прелеста.
Искрадени се храмовите и светиите.
 
Петвековните бунтовнички ѕвона молчат,
Заедничкиот дух и воинствениот бог менуваат алишта,
Празниците и хероите ги толчат,
Се дуеме од гревови и калишта.
Петвековните бунтовнички ѕвона молчат.
 
Од џандари направивме великаши,
Достоинствата ги поделија идиоти,
Лоповите работат богаташи,
Мрачни души се нарекоа патриоти.
Од џандари направивме великаши.
 
Својата мудрост ја фиросавме на избори,
Својата храброст на измами и бедотии,
На иднината и' ги труеме сите извори,
А поразите ги прогласивме за победи.
Својата мудрост ја фиросавме на избори.
 
Наместо светла историја и гробови,
Воскреснавме пигмеи и гревови;
Пред несреќните браќа наши, пред робови,
Затворивме и очи и џебови.
Наместо светла историја и гробови
 
Ни остана уште само правот на хартијата,
Како последен спомен на некогашните џинови;
Целата сила сега ја најдовме во партијата,
Пирот на подбивот ги зафатил сите синови.
Ни остана уште само правот на хартијата.
 
Под срамота живее нашето поколение,
Не се слушаат ни протести ни лелеци;
Под срамота живее нашето јавно мнение,
Потомците, што цицаат како пајаци.
Под срамота живее нашето поколение.
 
Деновите наши се нижат како рани,
А судбината не може да ја насети умот;
Но кога пожарот ќе ги зафати сите страни,
Каде ќе бегаме од светлината и судот!
Деновите наши се нижат како рани.
(1910)

ДПМНЕ немаат никаков морален

ДПМНЕ немаат никаков морален кредибилитет да го напаѓаат невладиниот сектор. Самото име невладин укажува дека се подразбира тој да не е под нивна контрола. (иако се појавија многу чудни ад-хок граѓански здруженија за кои можеше да се насети дека се токму злоупотреба на концептот од нивна страна).
Една амбициозна промена на општествените односи каква што тие ја наметнуваат, со тотален дисконтинуитет на сите полиња, со   главна цел тие да се наметнат како владејачка класа (или поточно каста) на подолг рок и да извршат драматично приграбување на општественото богатство и на капиталот нужно произведува отскокнување далеку зад легитимното, легалното и човечкото. Иако операцијата се изведува под силна наркоза на агресивната пропаганда и со методи на психолошки терор, застрашување се до употреба на (при)сила, резултатот е еднаков како да се работи за окупација.
Впрочем преродбата е вистинита, но само за ограничен круг. За другите таа значи депривација од основните материјални и граѓански права и своевиден ропски статус. Впрочем екслузивитетот на партиското членство во вработувањето и ползувањето на буџетските средтсва и други привилегии  сосем јасно ја покажува опасната политика на сегрегација.
Во крајна линија европските вредности и концепти на толеранција, на владење на правото и на почитување на сопственоста мора да се прифатат, ако веќе ги прифатиле сите останати европски држави. Оправдувањата од стил ЕУ не не фер и тврењето дека БРИК ни е алтернативата се квазиполитички и немаат цврсто упориште во реалноста. Инаку и други земји од европскиот круг би ги прифатиле. Да не зборуваме колкаво воодушевување владееше во редовите на ДПМНЕ кога Бугарија стана членка на ЕУ?!
Обвинувањата од стилот ’држете ја опозицијата’ се крајно депласирани во 5-тата година од мандатот.
За претпоставака е дека хрватскиот (лош) пример до каде владејачките десничари ја дотераа работата со корупцијата и неморалот, ќе важи и за Македонија како математички модел во кој правец ќе се развиваат работите во иднина. Историските блискости на ВМРО со хрватските десничари во подалечното минато само одат во прилог на оваа теза.
 

Добро бе Простатко Гемџија,не

Добро бе Простатко Гемџија,не си гемиџија оти да беше досега ќе се разнесеше па барем и симболично,да те прашам,со таа уста погана ли го бацуваш Бранета наш,арам да ти е! Сега гледам зошто е толку рошав...

ОкоБоли главаВицФото