Промоција "Македонска Дискографија-Винили (1958-2019), Прв том"

25.07.2019 11:20
Промоција "Македонска Дискографија-Винили (1958-2019), Прв том"

Монографијата „Македонска дискографија – винили (1958-2019)“, Прв том, во петок на 26 јули ќе биде промовирана на летната сцена зад Младинскиот културен центар. Станува збор за капитално дело во кое се опфатени 333 винилни изданија на околу 480 страници во боја, А4 формат.

Автор на монографијата е Тошо Филиповски, кој зад себе го остави изданието и на првата „Македонска рок-енциклопедија“.

Промоцијата на монографијата ќе започне во 21,15 часот, но претходно ќе се случат и две помали промоции на компилациски плочи – 19, 45 часот слушачка промоција на ЛП-компилација „Колку гласно морам да викнам за да ме чујат?“ – (Корпус деликти рекордс), 20,30 часот слушачка промоција на ЛП компилација „Има ли забава – Macedonian new wave 1981-1985“ – (Корпус деликти рекордс). А од 21, 45 часот ќе се одржат неколку концерти, додека пак од полноќ е најавена проекција на филм.

Промотори на монографијата се Бранка Костиќ-Марковиќ и Ѕвездан Георгиевски.

 

ОкоБоли главаВицФото