40 години од излегувањето на деби албумот на Led Zeppelin

19.05.2009 16:37
Лед Цепелин 1

Годинава се исполнуваат 40 години од излегувањето на деби албумот на групата Led Zeppelin со истоимен наслов, исто така познат како „Led Zeppelin - 1“. На 17 јануари 1969 г. плочата била објавена во САД, а на 28 март во Велика Британија. Цепелинот бил испечатен и на самата грамофонска плоча.

И поради таа слика уште од самиот момент на објавување избил мал скандал околу авторските права. Работата била во тоа што далечната роднина на креаторот на првиот цепелин, Ева фон Цепелин, се заканила дека ќе го забрани името на групата. За среќа, оваа закана никогаш не се остварила.

Меѓу другото, албумот (а и групата) своето име не го добиле по иницијатива на членовите на Led Zeppelin. Тапанарот на The Who, Кит Мун, еднаш им забележал дека звучат како „оловен цепелин“ (Leаd Zeppelin). Кога се појавила, нивната музика се сметала за најтешката за слушање во светот, а соодветно на тоа, албумот „Led Zeppelin - 1“ станал најтешкиот деби албум.

Работата над плочата ја водел главниот композитор и признатиот лидер на групата - гитаристот Џими Пејџ, кој насобрал еден куп идеи уште од времето кога бил член на неговата претходна група Yardbirds. „Тогаш можев многу да импровизирам на сцената, и јас почнав да создавам список на идеи кои потоа ги употребив во Zeppelin“, подоцна се сеќава тој. - „Но покрај старите идеи се појави и една нова: на основа на акустичниот звучен материјал да се создаде звук во би се споиле блузот, хард-рокот и акустиката - сето тоа крунисано со моќни рефрени. Музика во која би имало множество бои и нијанси.“

Пејџ експериментирал не само во компонирањето туку и во снимањето - во процесот на работење над албумот тој отелотворил нови студиски ефекти, пред сè, т.н. напредно ехо.

Во процесот на тие експерименти тешкиот блуз-рок кој до појавата на Led Zeppelin го свиреле Yardbirds, Cream и The Jimi Hendrix Experience бил подлегнат на понатамошно усовршување. Карактеристичниот вокал на Плант, моќното свирење на ритам секцијата и неповторливите рифови на Пејџ и’ овозможиле на групата да излезе од психоделичните елементи и самостојно да разработува еден нов правец - хард енд хеви рок.

Меѓутоа, без оглед на иноваторските решенија во музичкиот стил, неколку песни од албумот биле преработки. Тоа се однесува и на песната „ You Shook Me“ на Вили Диксон и фолк песната „ Babe, I’m gonna leave you“, која има повеќе од три автори кои е можно и да не се автори туку само нејзини исполнители.

Плант официјално не се смета за нејзин автор, но тој ја отпеал со толкава неверојатна чувствителност што многумина ја доживуиваат како „цепелинска интерпретација“. И не само тоа, туку „ Babe , I’m gonna leave you“ се смета за една од најдобрите рок балади за сите времиња.

Интересно е тоа што „ Led Zeppelin -1“ е снимен за 30 часа и трошоците чинеле 1750 фунти, додека во 1975 г. од продажба заработил 7 милиони долари. Албумот се искачил на првите места на листите во САД и В. Британија, а потоа станал и мултиплатинест.

ОкоБоли главаВицФото