1021 hPa
81 %
7 °C
Скопје - Чет, 14.11.2024 14:59
Словенечката влада на чело со Марјан Шарец одлучила: за нешто повеќе од четири милиони евра од српското препријатие LEGI-SGS (директор Себастијан Бабиќ) ќе купи 40 километри ограда со бодликава жица на врвот (всушност жица што сече) со цел заштита од бегалците кои, преку Хрватска, доаѓаат од БиХ. Веста ја дополни новата европска пратеничка од партијата на Шарец, со особено несмасно прашање до кандидатката за претседателка на Европската комисија, за искажаната намера на Салвини – на словенечко – италијанската граница да постави триесетина километри слична жица. Реагираа само граѓаните од двете страни на Горица, кои во неодамнешно минато биле разделени со жица. Се разбира, во несмасноста има трошка вистина: оградата на Салвини е насред шенгенска област, исто како и австриската на словенечката граница, а хрватската граница е надворешната шенгенска. Салвини само чека да разгласи дека заедничките словенечко – италијански патроли не се успешни, па да тргне со оградата од жица, иако заедничките словенечко – хрватски патроли, според сопствените изјави, добро работат. На прв поглед, кајганата на малите држава единствено што е прескапа и за Свети Петар.
„Цивилизираното“ решение со жицата, според многу елементи е полошо од хаосот со кој се среќаваат бегалците: ако не заглават во некој грчки бегалски логор на бавна смрт, можат да им паднат во раце на бугарски ловци на бегалски глави, хаосот на македонската и српска негрижа и скитањето низ Босна до сосема неуредените места за обид за влез во Хрватска, каде задолжително им следува тепање – и можеби на крајот ќе дојдат и до преминот кон Словенија, каде ги чекаат полицајци кои не ги дозволуваат со закон пропишаните правила за барање азил, а алтернативно ги чека давеж во Колпа...За домаќините, поморот на дивите и питоми животни на жицата, оневозможен пристап до разладување и туризам на реката; за сметка на локалните власти и нивните партии тие слушаат и ги пренесуваат приказните за страотните злосторства за бегалци на кои, во зима ќе им успеало да упаднат во викендиците, со палење на мебелот да се згреат, фрлање на ѓубрето...Имаше и еден сомнителен случај на постар граѓанин кого бегалците до граница го возеле во отворен багажник. Измислиците за силувања никаде не се потврдени.
На прв поглед се поставува едноставното прашање: зошто добога? Да се објаснуваат работите под словенечката кабаница е илузорно, зашто никого, освен можеби куриозитетот со српската жица, не го интересира словенечката политика. А освен тоа, српската жица веројатно е трик на словенечкиот снабдувач со жица кој стигнал на суд заради маките со претходната набавка на погоре речената жица...Меѓународно медиумски понинтересен е да речеме Салвини. Во Италија неговото дејствање е препознатливо особено за политички писмените: Салвини е уличен провокатор кој го плаќа некоја партија, кој сега расте во историски позната насока во Италија и затоа е вреден за анализа.
Меѓутоа во владата работите не се најпогодни за него: министерот за надворешни работи во европското тело предложи мерки за поразумно занимавање со бегалците. Судството главно ги сопира испадите на Салвини, медиумите не му се особено наклонети. Но читањето на Салвини ги открива сите влажни соништа на десно – националистичките европски партии и од нив совладаните држави и државички.
Салвини систематски напаѓа и се обидува да уништи сè што е законско во врска со бегалците и што според меѓународните договори е корисно и за локалното население: нареди да се уапси градоначалникот на местото Риаче, кој стана светски познат и наградуван токму заради успехот во интеграцијата на бегалците, при што ги користел домашните обичаи и традиција; Салвини буквално го уништи центарот за Роми во Рим, кој државата го изградила во успешниот проект на социјализација и интеграција; конечно, ги спречува сите хуманитарни истоварувања на италијанското крајбрежје сосе апсењето на две храбри капетанки; најново – го затвори прифатилиштето за бегалци во Сицилија, изјавувајќи дека тоа е неговиот најсреќен ден...На Лампедуза локалните жители се смеат затоа што насекаде има незабележани истоварувања. Салвини ги прогонува законите и редот.
Кому и на што тоа му користи? Сосема сигурно, први корисници се трговците со луѓе. Прво, голем дел од бегалците ги губат „по пат“, а останатиот дел им го испорачуваат непосредно на сопствениците на плантажи и работилници кои ги преземаат и ги искористуваат со мало или никакво плаќање во вистински робовласнички систем. Тој систем го контролира мафијата („мафијашки домат“ како главен производ). Колку добива Салвини од трговците/мафијата ќе каже иднината. Имено, интересот е во тоа да се укине секаква врска помеѓу легалноста и бегалците, за нив да не се знае ништо, да не се бележат, да не постојат, зашто единствено така можат да станат робови. Проекти од толкави размери мора да ги водат највисоките службеници во државите, министри и премиери.
Во Унгарија привидната непропустливост за влез на бегалците се покрива со изведување на програма на ропско искористување на Ромите и другите социјално неадаптирани во „работните логори“ и исцрпувањето на бегалците додека не почнат да работат по истиот систем. Во Австрија, претходното почитување на законите и големиот број странци, па и бегалци ја ограничува десната политика, затоа Курц, денес политичко минато, ги објаснуваше ограничувањата за бегалците со финансики проблеми. Во Словенија, хистеријата која ја проширија медиумите на Јанша (финансирани од Унгарија) ја зголемува политичката напнатост иако во земјата има само неколку стотини прифатени бегалци и молители за азил што се добива исклучително тешко. Истовремено, словенечките работодавачи масовно ги експлоатираат економските бегалци од поранешните југословенски републики: без податоци, без контакт со законот или барем со синдикатите, тие луѓе се мизерно платени ( понекогаш не добиваат ништо зашто работодавачот е во банкрот но не ги известил), живеат во нечовечки услови, обесправени и уценети.
Информациите за нивната положба протекоа од Германија кадешто ги препродавале работодавачите, па нивната шположба ја забележале германските синдикалци...Додека од Сиријците се бара веднаш да проговорат словенечки како знак дека се адаптирале што никој навистина не го посакува, од полудомашните Балканци тоа не се бара затоа што без знаење на јазико се подготвени да потпишат што било (ако воопшто нешто им дадат да потпишат). Во Италија, каде бројката на бегалци се искачува на милион, најголем дел се „вработени“ во земјоделството, а дел се адаптирани и се снаошаат во градовите. На земјата ѝ е потребен ниско или воопшто неплатен труд заради економската ситуација, затоа ропството е вистинско решение, овозможено единствено ако остатокот од бегалците законски не постојат и државата кон нив нема никакви обврски. Што би се случило со италијанскиот извоз на овошје и зеленчук кога на сите тие робови би морало да им се дава плата во законски рамки, сосоцијална и здравствена заштита, проверка на квалитетот на престојувалиштето, инспекции и слично?
Навистина е наивно да се мисли дека капитализмот не ги гледа огромните можности за искористување на бегалците на што главни препреки се меѓународните договори, од основањето на ОН па понатаму до договорот од Маракеш, прифатениот концепт на човековите права, меѓу кои и тоа дека никој не е илегален и при тоа хуманитарните организации и конечно, хуманоста на која сме навикнале, или пак сме ја научиле по Втората светска војна. Под притисокот на капиталот, европските држави се согласија на сосема незаконскиот и хумано неодржливиот поим „илегален“ или „економски“ мигрант кој, освен грубото кршење на правото, подразбира и огромно лицемерие, еднакво на најлошите црковни примери од светската историја: повеќето бегалци доаѓаат од воените зони, без каква било можност за административно уредување на што било и тука европската хуманост по некаде и работеше.
Денес расте бројот на бегалци кои бегаат од бедата и гладта (ха, „економски“), од политичката несигурност, измачувањето на малцинствата, положбата на жените и поинаква сексуалност и, сè повеќе од климатските пореметувања. Накратко, причините поради кои некои го истерале хомо сапинес од неговите престојувалишта. Тие преселби секогаш значеле напредок и подобрување на едната и единствена човечка раса. Колку училишта во светот го предаваат научното откритие, старо околу триесет години – дека според научните мерила „расите“ воопшто не постојат?
Под притисокот на капиталот, значи попуштила ЕУ ( за американскиот трамповски хаос не вреди да се трошат зборови), попуштиле парламентарните демократии и на сцената останале вампирските движења, кои во соработка со медиумите, на граѓните им ја продаваат најниската, најбедната, најлажливата и најопасната расистичка пропаганда. Сето тоа има една цел – воведување на робовладетелски систем, богатење и искористување на природата и луѓето сè до хоризонтите каде тој свет ја гледа иднината: главно до последниот дебилен внук во богаташкото семејство. Секој што не сака да ја види поврзаноста на капиталот и државните институции е виновен, особено кога вампирските движења ќе влезат во државните институции. Во заканувачки блиска иднина, извесно, тие ќе го укинат капитализмот и ќе воведат расно и национално определено производство врз основа на ропски труд, не според моделот на третиот рајх, туку според моделот на националните држави/државички. Глобалниот пазар е пречка (пак трамповски пример), пречка е сè што подразбира меѓународно право. Во барањето на извори и приходи затоа се можни мали војни, градско и шумско разбојништво (кражба на робови, да речеме). Тука ги препознаваме денес тнр. идентитарни движења. И парадоксално нема доволно бегалци за такво уредување! Затоа укинувањето на документацијата за нив е клучно.
Дали на европските и на балканските граѓани би им пречело рано наутро, некаде на поле да видат врзани робови како одат на работа, додека во логорот остануваат неспособните за работа жени, деца и старци кои ги издржуваат оние во синџирите? Не знам за други држави, но ми се чини дека во „рабните“ европски држави тоа би било возможно. Да речеме во Словенија, со помош на српска жица.
Ако тој проект немаше реална подлога и силна поддршка од капиталот односно неговите локални варијации и соодветните општествени феномени, барем европскиот континент веќе одамна ќе спроведуваше поевтини, почовечни и за сите корисни мерки:
-организирање безбеден превоз односно извлекување од воените зони во приемни центри на сите познати бегалци на однапред покажани точки за влез,
-документирање, по давањето прва помош (храна, облека, здравствена помош),
-насочување (транспорт) на бегалците до саканата цел,
-поврзување на семејствата и пријателите,
-грижа за оние кои немаат ниту цел, ниту пријатели.
Тогаш понатамошната судбина на бегалците, дури и со благите расистички фантазии за слуги и слугинки и за менувачи на пелените на европските старци, извесно мора да зависи и од користа за одредено општество, но пред сè од најосновното човечко барање – еднаквост и добросостојба на поединецот. Зашто не е исклучено дека светот ќе стане подобар, дека многумина ќе сакаат да се вратат или дека многумина од континентот ќе посакаат да побегнат кај нив. Зошто однапред да се уништат тие можности?
Слики: Shamisa Hassani
Извор: Peščanik