Илустрациите на _moooki

31.07.19 01:09

_moooki е името на Инстаграм профилот на младата илустраторка Моника Стојановска. Нејзиниот израз е современ, свеж и креативен.

„Сакам да набљудувам, па така често ме инспирира состојбата што ми е предизвикана од она што ме опкружува. Тоа може да биде комбинација од бои, светлина, текстура, форма, амбиент.

Овие цртежи конкретно се инспирирани од младите генерации, од нивната автентичност, слободоумност и стил. Секогаш ме интересирало комуницирањето преку естетиката, па оттука и изразувањето преку облекувањето, што за мене не е само слепо следење на трендови, туку вистинска уметност“ , вели Моника за своите илустрации.

Извор: Медуза

 

ОкоБоли главаВицФото