Пријавив палма за говор на оаза

31.07.2019 13:41
Пријавив палма за говор на оаза

- Сакам да се роди идеја за шега, ама ко исмевање да биде.
- Па роди ја.

 

 

- Чија е лубеницата?
- Сечи ја.

 

 

Лубеница посакала да иде со Јогурт и станала Краставица.

 

 

Толку е жална врбата што дрвото до неа липа.

 

 

Пријавив палма за говор на оаза.

 

 

Испод Палме саркофаг и олтар.

 

 

Господе, направи да имам летна авантура, ама за парите што ги имам.
*Фаќа зелен бран на булевар.*

 

 

Брза географија слепи улички раѓа.

 

 

Не можам сега, во Кимкардаши Ан сум.

 

 

Летото е Тројанскиот коњ што комарците му го пуштаат на времето за да може да ни упаднат у димензија.

 

 

Не е он крив што ја згреши прогнозата за времето, тоа беше синоптичка варка.

 

 

Морето е луто. Водата во морето строго се забранува.

 

 

Ми снема комарец на најинтересното.

 

Слики: Ben Montero

ОкоБоли главаВицФото