Како се лапаат канибали?

02.08.2019 03:13
Како се лапаат канибали?

Во разговорот учествуваат Тања Аждаја, Владимир Лукаш, Трајко Џиков, Милан Дамјаноски и Петар Кајевски.

 

Тања Аждаја
Добро ај стварно малку поозбилно сега: Како се лапаат канибали?


Владимир Лукаш
Исто како што си намигнуваат киклопи.


Тања Аждаја
Сигурно мислиш исто ко што киклопи си фрлаат око.


Владимир Лукаш
Сигурно еден канибал не му вика на друг: Да ми ги јајш ушите.

 

Трајко Џиков
...Ги чита и се киклопи до бесвест.

 

Тања "Аждаја
-А зошто еднорозите не постојат?
-Зашто многу си боделе очи.

 

Трајко Џиков
Едно рози за дамата за овај хумор!

 

Тања Аждаја
Сакате и црвени еднорози за вас?
МаНеДам.

 

Милан Дамјаноски
Си шепкаат на увце „Човек е само да те изеде".

 

Владимир Лукаш
Кога е бал, нека е канибал!

 

Тања Аждаја
Значи исто и маскенбалите се понашаат?

 

Владимир Лукаш
Свински масткенбал.

 

Тања Аждаја
Сестра кани бала на вечера.

Владимир Лукаш
Професор човекојадец – Канибалтазар.


Трајко Џиков
До смрт!


Петар Кајевски
Прво ги посолуваш...


Трајко Џиков
Солени се веќе, испотени од возбуда.


Тања Аждаја
А ако некој не си најде партнер за лапање жив се јаде?


Трајко Џиков
Се јаде однатре.

 

Тања Аждаја
А ако е селф-интолерант? :/

 

Трајко Џиков
А бе секоја година му се појавува алегорија по цело
тело.


Тања Аждаја
И прди метанфори.

 

Трајко Џиков
А бе као Моша, ПиеЈаде.

 

Тања Аждаја
А виде што се деси на задната мошапијада? Ибе Паликуќа, баба се чешла.

 

Трајко Џиков
А бе како не ја знам, ја прогласија за мисица на ланскиот Крани-Бал.

 

Тања Аждаја
Ама тоа ептен дека им ја испоја: „Кани бали Кани бали денес мама слатко свари“.

 

Трајко Џиков
Бал Кани Кани Бал на вечера.

 

Тања Аждаја
Абееее, може има нешто во тоа што Балкани е пермутација на Канибал, што се јадеме толку меѓу себе као народ?!

 

Трајко Џиков
Што ти викам... Демек од турското било, Мед и крв, врска нема!


Слики: José Rodolfo Loaiza Ontiveros

 

Слични содржини

Книжевност

ОкоБоли главаВицФото