На Капри изложба во спомен на Симон Узуновски

02.08.2019 11:14
На Капри изложба во спомен на Симон Узуновски

Во сабота, 3 август, во малата црква „La Chiesa dell’Oratorio“ на италјанскиот остров Капри ќе се отвори изложбата на слики на македонскиот уметник и архитект, Симон Узуновски, кој го сликаше Капри повеќе од 40 години.

Изложбата е во знак на почит и спомен на еден од последните наивни сликари што го насликаа Капри. Станува збор за избор на неговите најконкретни дела, кои ги прикажуваат la Piazzetta, Marina Piccola, Tragara, Marina Grande, архитектурата и природата на островот, обожуван од македонскиот уметник.

Симон Узуновски (1949-2018), роден во Белград, израснат во Скопје, е еден е од пионерите на уметничките интерактивни инсталации во Македонија и беше активен на сцената речиси 50 години.

Од 1971 година кога првпат го посетил Капри, тој секоја година речиси до крајот на животот престојуваше на овој италијански остров.

Извор: Porta 3