Награден дизајн на стол креиран да ги поттикне мажите да седат поприбрано

03.08.2019 12:37
Награден дизајн на стол креиран да ги поттикне мажите да седат поприбрано

 

Едно од најиритантните навлегувања во интимниот простор е нападната навика на мажите, во јавниот превоз на пример, да седат со толку раширени колена што го зафаќаат и просторот на соседните седишта.

Како коментар на тоа, дизајнерката Лајла Лорел (Laila Laurel) во рамки на својот дипломски проект, осмислила стол со триаголно седиште кое ги поттикнува мажите да седат со затворени нозе, создавајќи потенцијално решение на широко распространетата непријатна навика.



Лорел исто така дизајнирала и второ столче, наменето за жените, кое е така дизајнирано за да ги поттикне жените кои го користат да седат со одвоени нозе, и на тој начин да заземаат повеќе простор.

Таа вели дека дизајнот не треба да се сфати пресериозно но признава дека столчињата „нудат забавно но доста буквално физичко претставување на проблем со кој жените се соочуваат“. „Мојата дизајнерска пракса е во контекст на четвртиот бран на феминизмот и друга огромна инспирација за овие дела беше проектот Everyday Sexism на Лора Бејтс, платформа на која жените можат да сведочат за сексизмот со кој се соочуваат“.

Лорел ја ја добила наградата Белмонд, за нејзиниот „храбар, целен дизајн кој ја истражува важната улога на дизајнот во информирање на просторот, однесувањети и општествените прашања на денешницата“.



Извор: https://www.independent.co.uk

Слични содржини

Активизам / Став / Живот
Активизам / Став / Живот
Активизам / Став / Живот
Активизам / Став / Живот
Општество / Живот

ОкоБоли главаВицФото