Сибир гори, се бара брзо справување со пожарите

05.08.2019 01:55
Сибир гори, се бара брзо справување со пожарите

Повеќе руски градови се покриени со чад од пожарите во Сибир, активистите и граѓаните бараат итна акција.

Повеќе од 3 милиони хектари се зафатени од пожарите во Сибир, кои претежно се наоѓаат во тешко пристапни делови, иако чадот се проширил до околу 800 населени места и до поголемите градови меѓу кои Новосибирск, Краснојарск и Чита.

Руските власти прогласија вонредна состојба во регионите Иркутск, Бурјатија, Сака и Краснојарск.

Чад во центарот на Чита; 1 август, 2019

Руската војска се приклучи во гаснењето на пожарите, испраќајќи транспортни авиони и хеликоптери. Но, активистите веруваат дека владата не презема доволно за да се справи со ситуацијата и минатата недела, неколку десетици протестираа пред Министерството за природни ресурси.

Метеоролозите прогнозираат дека се очекува дожд во некои од опожарените области, но не доволно за да се изгаснат пожарите, јави државната новинска агенција Тас.

За некои пожари се верува дека започнале од удари на гром. Истражниот комитет на Русија, главното кривично истражно тело на земјата, соопшти дека ќе испрати свои претставници во регионот за да ги испитаат причините.

Во меѓувреме, голем број руски уметници и јавни личности изразија загриженост на социјалните мрежи барајќи итна акција за да се сочува тоа што останало од шумите.

Авторката Марија Рибина (Maria Rybina) апелира за итна акција

Хаштагот „sibirgorit”, што значи „Сибир гори“ е употребен над 20 000 пари на Инстаграм, додека пораката „Save Siberia Forests” („Спасете ги сибирските шуми“ се појавила во 2500 објави на Твитер.

Автор: @loketski

Јулија Дукова (Yulia Dukhova) живее во регионот зафатен од пожарите

Исто така, речиси 1 милиони луѓе потпишаа петиција со која се бара да биде прогласена вонредна состојба во целиот сибирски регион, со што би се вложиле поголеми ресурси за справување со огнените јазици.

Но, на социјалните мрежи масовно кружат и фотографии кои всушност не се од пожарите, односно нивниот контекст е погрешно пренесен. Ова може лесно да се провери со „Search Google for image“.

Лажни фотографии кружат на Интернет

Ова е една од најсподелуваните фотографии на социјалните мрежи, иако содржината нема никаква поврзаност со актуелните пожари. Оваа фотографија може да се најде на страницата за бесплатно преземање фотографии pixabay.com уште од 2016 година.

Оваа фотографија, пак, првпат е објавена во 2017 година за време на пожар во Тринидад и Тобаго.


Извор: BBC