Викенд на ужас во САД

05.08.2019 16:31
Викенд на ужас во САД

Најмалку 20 мртви во Ел Пасо, Тексас, и 9 во Дејтон, Охајо. Речиси 30 луѓе беа убиени во два одвоени напади во растојание од 14 часа, со што ова стана еден од најкрвавите викенди во поновата американска историја. Голем број луѓе беа повредени и се уште се во болници. Сето се случи една недела по нападот на фестивалот за храна во Гилрој, Калифорнија, со што бројот на жртви во вакви напади во една недела достигна 32 лица.

По нападот во Ел Пасо, претседателот на САД Доналд Трамп на Твитер им испрати сочуство на граѓаните на Тексас. Испраќањето на „сочуство и молитви“ на погодените стана стандарден одговор на политичарите по секое масовно убиство во САД. Треба да наликува на фин гест, но не постигнува ништо.

Можеби претседателот треба да размисли за фактот дека полицијата во Ел Пасо пронајде онлајн манифест кој најверојатно го постирал 21-годишниот осомничен. Во него, авторот зборува за омразата кон имигрантите и вели дека е против „шпанската инвазија на Тексас“.

И Трамп ја опишува имиграцијата од Централна Америка како „инвазија“. Тој не крие дека не сака имигранти во САД. Трамп дури посакува и испраќање на некои членови на Конгресот кои не се белци „назад од каде што се дојдени“.

Ваквите изјави на човекот кој е на највисоката функција во земјата придонесуваат омразата и ксенофобијата да бидат социјално прифатливи. Кога тоа ќе доведе до насилство, претседателот не може да ја отфрла и сопствената одговорност за тоа.

Поостри закони за оружје

„Мислите и молитвите“ кои политичарите ги упатуваат по ваквите напади исто така се и начин да се избегне политичка акција. Она што им е потребно на САД е поостар закон за поседување оружје. Убиецот од Дејтон носел воена пушка и резерви муниција. Лесно е да се набави вакво оружје во САД. Доколку полицијата не пристигнела за помалку од минута од почетокот на нападот, во Дејтон можеа да загинат стотици.

Секојпат кога ќе се случи напад, се повторуваат повиците за воведување на лиценца за оружје, контрола и други построи правила. Тоа се случи и во 2012 откако 20 деца на возраст меѓу 6 и 7 години беа убиени во основно училиште во Конетикат. Се случи и откако напаѓач уби 58 луѓе на концерт во Лас Вегас пред две години.

Но американското лоби за оружје, особено Национална асоцијација за оружје НРА, имаат премногу моќ и премногу пари за тие гласови да преовладуваат. По нападот во Ел Пасо, гувернерот на Тексас не зборуваше за контрола на оружјето; напротив, тој рече дека напаѓачот можеби бил ментално болен (засега нема докази за такво нешто), и дека постои „потреба од државата и општеството да сторат повеќе за решавање на проблемите со менталните болести“.

Но луѓе со ментални проблеми постојат и во други држави. Па никаде не се убиваат толку недолжни луѓе како во САД. Се додека политичарите не се дистанцираат од НРА и други моќни лоби-групи и не изгласаат поостри закони за оружје, луѓето и натаму ќе бидат убивани во земјата.

Извор: DW

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото