Средба на детенце од ККК и црн полицаец, 1992

06.08.2019 10:37
Средба на детенце од ККК и црн полицаец, 1992

 

 Полицаецот е црнец. Пред него, љубопитно мало момче облечено во ККК наметка го допира неговиот штит. Во сликата е измешана невиност со омраза и иронијата црн маж да го штити правото на белците да се собираат на протест против него.

Кју-Клукс кланот одржувал собир во североисточна Џорџија, каде групата на бели супремасисти се обидувала да ја размрда опаѓачката кампања за оживување на движењето во доцните 1980-ти и раните 1990-ти. Авторот на фотографијата е Тод Робертсон, кој бил назначен за фотограф на настанот за локален весник. На собирот на кланот немало многу акција за фотографирање. Според дневните известувања имало 66 претставници на ККК, опколени од три пати повеќе полициско обезбедување. Надвор од тоа, центарот на градот бил празен, со стотина набљудувачи, главно таму за демонстрација против кланот. Белите супремасисти не биле од градот и немале вистинска поддршка таму.

Бидејќи немало знаци за конфликт, Робертсон избрал да следи една мајка и нејзините две мали деца, облечени во бели наметки и препознатливите зашилени ККК капи. Едно од момчињата се доближило до црн полицаец кој го држел штитот на зејма. Гледајќи го својот одраз во штитот, момчето посегнело по него и Робертсон ја уловил фоторафијата. Речиси веднаш мајката дотрчала и го одвлекла детето. Моментот бил краток и речиси никој не го забележал. Оттогаш, фотографијата станала иконичен приказ на расните релации во Америка и на постулатот „Никој не се раѓа како расист“.

 

Извор: https://rarehistoricalphotos.com

ОкоБоли главаВицФото