Уметници создаваат дело за уништувањето на природното наследство во Струшкиот регион

06.08.2019 11:52
Уметници создаваат дело за уништувањето на природното наследство во Струшкиот регион

Во рамки на програмата на Фестивалот „ДримОн“, во наредните денови неколку изуелни уметници ќе креираат заедничко уметничко дело во поранешниот кафе-бар „Синема“.

Фокусот на уметничкото дело е протестно реагирање кон начинот на уништувањето на природното светско наследство, за кое организаторите велат, се случува последниве неколку години во Струшкиот регион.

„Овој дел од Раздримување поточно претставува окупирање на простор кој е пред фаза на градежно уривање-исчезнување каде пред тоа да се случи, овие петмина визуелни уметници за момент преку нивното дело ќе се потрудат да испровоцираат, да натераат на размислување, освестување и поголема одговорност на надлежните фактори и личности кои се на некој начин одговорни за ситуацијата во која се наоѓа нашето природно наследство“, соопштија од „ДримОн Фестивал“.

Официјалното отворање на просторот е закажано за 10 август.

Претходно, на 3 август, се одржа дискусија на тема „Етичкото и естетичкото во социо-политичката уметност“.

Слични содржини

Свет / Екологија / Уметност
Општество / Активизам / Екологија / Уметност

ОкоБоли главаВицФото