Почина нобеловката Тони Морисон

06.08.2019 16:46
Почина нобеловката Тони Морисон

Тони Морисон е авторка на единаесет книги во кои ги истражува историјата и идентитетот на Афроамериканците.

Американската писателка Тони Морисон, добитничка на Нобеловата награда за литература, почина на 88-годишна возраст.

Семејството на Морисон потврди дека писателката починала по кратка болест.

Морисон ја освои Нобеловата награда за литература во 1993 година.

Како писателка Морисон дебитира со романот „Најсиното око“ (1970). Авторка е на единаесет романи, меѓу кои се „Песна на Соломон“ (1978), „Љубена“ (1987), кој ја добил Пулицеровата награда, и „Џез“ (1992). Во нејзиното творештво се опишуваат животот и историјата на афроамериканците во Америка.

Морисон е првата жена Афроамериканка која ја добила Нобеловата награда за литература.

Во 1953 година го завршила универзитетот „ Howard“ , а од 1965 до 1983 година била уредник во книгоиздавателството „Рендом Хауз“ во Њујорк.

Од 1989 година била професор по хуманитарни науки на Универзитет Принстон во Њу Џерси.

„Молчењето ни било долго и длабоко“, вели Морисон. Барајќи ја врската меѓу сегашноста и минатото, Морисон раскажува за Афроамериканците, принудени да ги поднесуваат ужасите на ропството и ексцесите на расизмот. Била членка на Американската академија за уметност и литература.

Морисон беше една од ретките американски автори чии книги беа и критички и комерцијално успешни. Нејзините романи се појавуваа редовно на листата на бестселери на „Њујорк тајмс“, беа дел од клубот на книги на Опра Винфри и беа предмет на огромен број критички студии.

Книжевниот фокус на Морисон беше истражувањето на искуството на Афроамериканците - проект што го опиша во интервју за „Њујорк тајмс“ во 2015 година како „пишување без бел поглед“.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото