Јапонска уметница прави дела според модел од својата вагина

07.08.2019 12:57
Јапонска уметница прави дела според модел од својата вагина

Јапонската уметница Мегуми Игараши (Megumi Igarashi) е позната по своите уметнички дела базирани на 3Д модел на нејзината вагина и е во постојан судир со цензурата. 

До денес, оваа 47-годишна уметница, која е позната под псевдонимот Рокуденаши-ко („девојка што не е добра“) и уште неколу други, стана позната надвор од Јапонија, кога во 2014 година изработи проект финансиран преку прилози од луѓе, за кајак направен според 3Д модел на нејзината вагина. Тогаш Игараши објаснуваше дека проектот е еден вид одговор за нејзиното сомневање во себе. Во земја каде што женската анатомија е претерано скриена, таа изјавуваше дека „не знае како треба да изгледа вагината.“

Игараши била цензурирана и обвинета за „ширење на недолични слики“ и сè уште се бори за слободата на изразување.

Таа потенцира дека нејзините уметнички дела не се непристојни. Наместо тоа, опишувајќи се себеси како феминистка, таа сака нејзината уметност да биде забавна и што повеќе луѓе да разберат дека женските гениталии не се нешто непристојно и вознемирувачко.

„Хуморот има моќ да ги надмине вкоренетите концепти. Би сакала да продолжам да се изразувам на забавен и среќен начин, додека го користам моето тело „за дизајнирање уметнички дела“, вели таа.

Извор: artfucksme.com