Не слушате добра музика, затоа сме на ова дереџез!

07.08.2019 13:50
Не слушате добра музика, затоа сме на ова дереџез!

 

 

‒ Што е музикава што ечи внатре?
‒ Се игра оро.
‒ Кој води?

 

‒ Како се викаше тенџерево што свири кога се вари млекото?
‒ Мислиш на виолончево?

 


Ме разбуди тропањето на срцето.

 


Не знам дали заплакав од радост или имам пролетна алегрија.

 


Не слушате добра музика, затоа сме на ова дереџез!

 


Дереџе звучи ко музички инструмент, ко нешто игриво. Може и затоа сме на ова дереџе.
Раце гореее!

 

‒ Музички лек со смирувачко дејство?
‒ Севдатив.
‒ Како се консумира?
‒ Па на увце, нормално.

 

Сиот тој рап собран во Занесаканитедејствапосоветувајтесесолекарилифармацевт.

 

Гледам шинтервју со збирачот на улични кучиња Џук Елингтон.

 

Волците се кучешките рапери, а џукелите ‒ блузери.

 

Владо Јаневски:
‒ Мамо имам штоидае.
‒ Ќе помине.

 

‒ Врчак престани со лицкање на кондурите, не ти е тоа песна.
‒ Четкам да се спремни, за да излезам...

 

‒ Дечко абе скапо е 500 денари само за празен театар.
‒ Епа не знам јас тоа, немам баш претстава.

 

Целата нота ќе ја свириш?

 

‒ Извини, може да повториш?
‒ Човек ко мене не се повторува.


Гифови: Igor Bastidas

ОкоБоли главаВицФото