Најосамената генерација во историјата

08.08.2019 01:07
Најосамената генерација во историјата

Милениумците се една од најосамените генерации во историјата. Неодамнешно истражување покажа дека речиси една третина од лицата на возраст меѓу 22 и 37 години се чувствуваат осамено. Во споредба со нив, луѓето кои се дел од бејби-бум генерацијата рекле дека во само 15 отсто од случаите се чувствуваат осамено.

Она што е уште потажно е и фактот дека 20 отсто од милениумците веруваат дека немаат вистински пријатели. Дури тројца од 10 милениумци истакнале дека се чувствуваат осамено.

Психолозите посочуваат дека светот е во голема опасност од епидемија на осаменост. Изолацијата полека го нарушува менталното здравје, а сето тоа води до дополнителна изолација и осаменост. Изолацијата се смета за виновник за големиот пораст на бројот на смртни случаи од очај, вклучувајќи ги и фаталните опивања, предозирања, како и самоубиствата.

Постарите генерации имале многу помалку начини за комуникација. Милениумците имаат технологија, која не само што им дозволува да се допишуваат и слушаат, туку можат и да остварат видео-повик со кого било, на кое било место во светот. Тука се и социјалните мрежи, кои уште повеќе ги поврзуваат, но без оглед на нив и ваквиот вид на комуникација, сѐ уште се забележува пораст на бројот на осамени лица. На прашањето колку пријатели имаат, најчест одговор било од 1 до 4. Само 6 отсто од милениумците рекле дека имаат повеќе од 50 пријатели.

Новите истражувања покажуваат и дека новите пријателства не се силни како некогаш. Бејби-бумерите биле најпријателската генерација. Дури 30 отсто од милениумците кажале дека никого не го сметаат за најдобар пријател.

Според научниците, за ваквата лоша статистика виновни се социјалните мрежи, кои едноставно ги тераат луѓето да се споредуваат со другите и создаваат притисок кај сите. Затоа, препораката е да ги послушаат советите на постарите и да изградат силни врски и искрени односи со пријателите бидејќи тоа многу ќе придонесе за нивното ментално здравје, а воедно и ќе им ги збогати животите.

Извор: Daily Mail

 

Слични содржини

Книжевност / Психологија / Живот
Психологија / Живот
Психологија / Наука / Живот
Општество / Психологија / Живот / Теорија
Книжевност / Психологија / Живот / Култура

ОкоБоли главаВицФото