Набљудувачи

12.08.19 01:12

Очите што набљудуваат (The Eyestalkers) е краток филм за морничавата инсталација на холандскиот уметнички тандем Front 40. Очи што не трепкаат го гледаат светот од прозорецот, ги набљудуваат минувачите што одат низ центарот на градот. Тие се присутни таму како визуелна манифестација на сите невидливи надзорни средства, како скриените камери и системите што ги следат нашите телефони.

Инсталацијата со многубројните очи создава чувство на набљудуваност, се занимава со современиот надзор врз луѓето, предизвикува параноја. Но, заради своите движења овие „набљудувачи“ можат да ги видат сите што се набљудувани. Извор: Vimeo

ОкоБоли главаВицФото