Возач на електричен тротинет вградил плин

13.08.2019 11:12
Возач на електричен тротинет вградил плин

 

 Јован Станковиќ, приватен претприемач, е првиот сопственик на тротинет кој одлучил да вгради погон на плин.

Овој триесетгодишен сопственик на еден популарен концепт-стор вели дека постојат повеќе причини поради кои се одлучил за плин.

-Најважната причина е тоа што сега ќе можам да возам значително подолги отколку кога имав само електричен погон. Второ, одново најавија поскапување на струјата и само е прашање на време кога струјата ќе стане неисплатлива како извор на енергија, а јас како освестен миленијалец секогаш гледам во иднината – наведе тој.

На прашањето дали очекува дека и други тротинетисти ќе го следат неговиот пример, нашиот соговорник е оптимист.

-Мислам дека ќе следат. Со време сите ќе ги увидат бенефитите на плинскиот погон. Сега сме во ерата на електричните тротинети, следен чекор се плинските тротинети, а потоа ожеби и оние на хибриден погон.

Тој наведува дека потенцијалот на плинот е голем, но дека луѓето сѐ уште не се свесни за тоа.

-Тоа не е само извор на енергија. Јас веќе заполнав да испитувам како плинската боца, која ја носам на својот тротинет, би можела да е искористи да биде и млазен погон. Доколку успеам, во иднина можеби нѐ очекува и потполно нов модел на тротинет. Ќе го наречам НИТРОтинет –гордо завршува Станковиќ.

Извор: https://www.njuz.net