Роденден на Хичкок

13.08.19 11:56

На денешен ден, пред 120 години е роден режисерот Алфред Хичкок (Лентонстаун, 13 август 1899 - Лос Анџелес, 29 април 1980).

Под влијание на експресионизмот од Германија, Хичкок започнал да режира во Англија, а од 1939 година работел во САД. Неговиот прв филм е „Бројот 13“ (Number 13), кој останал недовршен, а последниот филм „Семејна завера“ го снимил во 1976 година.

Тој е еден од најпознатите и најпопуларните режисери на сите времиња. Неговите иновации и визии влијаеле врз голем број режисери, продуценти и актери. Хичкок снимил вкупно 67 филмови од кои најпознати се: „Психо“, „Вртоглавица“, „Птици“, „Ребека“, „Озлогласената“, „Човекот кој знаеше премногу“ и други. Бил познат и по тоа што самиот, како статист, се појавувал во своите филмови.

Во 1995 година, во анкетата на повеќе филмски критичари, Хичкок бил прогласен за најдобриот режисер на 20. век, а во 2005 година бил прогласен за најдобар режисер на сите времиња. Наспроти тоа, тој никогаш не ја добил наградата „Оскар“, ниту за животно дело, а само пет негови филмови биле номинирани за оваа награда.

Извор: Youtube

Слични содржини

Графички Дизајн / Око
Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око
Книжевност / Музика / Око
Технологија / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото