Владата може да ја урне премиерот кој не ги гледа криминалците околу себе

14.08.2019 11:05
Владата може да ја урне премиерот кој не ги гледа криминалците околу себе

Многу малку веројатно е неколку криминалци, еден не баш добар новинар и човек со нехетросексуална ориентација да ја урнат владата.

Многу веројатно е владата да биде урната од сурија криминални јавни обвинители и судии, лошо избрани советници на премиерот, уште полошо избрани министри во владата и изјави на премиерот кои промовираат и поддржуваат стереотипи и предрасуди.
Меѓутоа, најлесно од сè владата можат да ја урнат апологети на власта (како на пример Ѓорѓи Спасов) кои очигледно не разбираат дека некои грешки не може и не смее да се покриваат зашто покривањето само по себе уште повеќе ја продлабочува грешката.

Во случајот со употребата на зборот педер во неговото наводно колоквијално значење (па уште содржано и во речникот на македонскиот јазик како најголем срам) всушност се промовира и поддржува поврзувањето на сексуалната ориентација со одредени психолошки карактеристики. Тоа е исто како премиерот да кажал: се извинувам на луѓето од африканско потекло ама ова нигериве ... или, се извинувам на жените ама долга коса краток памет, или, се извинувам на Албанците, ама ова Шиптариве, или ...

Значи да повторам: не може да ја урнат власта неколку криминалци, еден не баш добар новинар и човек со поинаква сексуална ориентација.

Меѓутоа, владата може да ја урне премиерот кој не ги гледа криминалците околу себе, кој не разбира дека и не баш добриот новинар треба да биде слушнат што кажува и дека било која од основите за дискриминација употребени во пежоративна смисла значи отворен атак врз одредена група, промоција на предрсуди и поддржување на дискриминација.

Слика: Свирачиња