Од каде доаѓа зборот „педер“?

14.08.2019 13:43
Од каде доаѓа зборот „педер“?

Ако на Гугл го напишете зборот „педер“, ќе ви излезат страници кои се директно поврзани со геј популацијата. Значи, дури и да не знаеме кои луѓе се нарекуваат „педери“ (а тоа е малку веројатно) ќе дознаеме кога тој збор ќе го напишеме на пребарувачот.

Сите мислиме дека знаеме што всушност значи зборот педер и мнозинството би го објаснило како и јас: „Педер“ е погрден или навредлив збор за геј маж.

Меѓутоа малкумина се оние што знаат од каде води потеклото на самиот термин. Имено, етимолошкото потекло на зборот „педер“ доаѓа од старогрчкиот јазик, тоа е сложенката paiderastes, настаната од зборовите: pais, во генитив paidos што значи момче и зборот erao што значи копнеам.

Paiderastes или педер во Стара Грција всушност бил поим кој често се врзувал за поимот ментор, имено важен дел од образованието за богатите момчиња претставувало учењето под закрила на ментор. Ученикот стекнувал знаења следејќи ги политичките говори на својот ментор во агората, помагајќи му во извршувањето на јавните работи, вежбајќи со него во гимназијата и присуствувајќи на симпозиумите.

Од грчкиот збор paiderastes изведен е и зборот pederastija што означува полова склоност на маж кон личност од истиот пол, според изворната дефиниција, склоност на возрасен маж кон адолесцент.

Pederastija, што е синоним за хомосексуални мажи се јавува и во делови на античката грчка книжевност. Познат е дијалогот на Сократ и Критон од делото „Гозба или разговор за љубовта“.

Сократ: Ти чесен Критоне, велиш дека љубовта на маж кон маж не е грев.

Критон: Не велам дека не велам.

Сократ: И признаваш дека таа склоност не е душевно пореметување, ниту наследена болест?

Критон: Токму така. Зашто ако е наследена, нашите предци не би имале потомци.

Сократ: Тогаш ти си еден од граѓаните атински кои не се противат на брак меѓу двајца мажи.

Критон: Сум и не се противам.

Самиот назив „педер“ тогаш немал негативна конотација, тоа едноставно ја означувало сексуалната ориентација која ги опфаќала хомосексуалните и бисексуалните мажи.

Не е познато кога станало навреда некој да се нарече „педер“. Меѓутоа, познато е дека англискиот збор кој може да го преведеме како „педер“ – faggot, станал навредлив во 17-от век. Инаку, зборот „faggot“ на француски јазик значи сноп прачки и примарно се користел како назив за постара жена. А бидејќи во тоа време владеело стереотипното мислење дека сите геј мажи се феминизирани, зборот „faggot“ почнал да се користи како термин за феминизиран геј маж во негативен контекст и со тоа овој збор добива грда конотација.

Интересно е што на https://hr.wiktionary.org под зборот „педер“ се подразбираат следните објаснувања: машка личност која сексуално е наклонета кон личности од истиот пол; непринципиелна, тромава личност која не презема иницијатива. Додека како синоними се ннаведуваат: хомосексуалец, млакоња, бескичмењак.

Значи, зборот „педер“ со текот на времето секако попримил негативна конотација, но познато е што се случи со терминот queer (квир) и патот што го помина од навреда до политички коректен збор, можеби истото тоа ќе се случи и со зборот „педер“. Можеби.

 Извор: lgbti.ba

ОкоБоли главаВицФото