Шолја масло

14.08.2019 13:45

Наминав вчера во Европа
да позајмам шолја масло
за пржени компири
(многумина сме и брзо го снемува маслото
како некој да го пие на екс).
Навистина, Е. не знае,
а не е ни нејзина работа,
дека делче од маслото на заем
загорено или сјајно,
го сипувам во запалените кандила
за моите
и за нејзините мртви.

Превод: Лидија Димковска

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото