Душан Чежек – Гифови

15.08.2019 16:33
Душан Чежек – Гифови

Душан Чежек е дизајнер од Србија, со живеалиште во Прага. Има неколку мошне популарни 8-битни проекти зад себе. Во 2013 започнал со серијата Pixelwood каде анимира славни холивудски филмски сцени: од Големиот Лебовски, Палп Фишкн итн., додека во колекцијата Pixelomics ги оживува стрип-хероите како Супермен и Волверин. Во 2016 ја прави серијата во која ги претставува модните избори на кралицата Амидала од Војна на ѕвездите.

Костимите и реквизитите типични за ликовите и сцената содржински го придвижуваат неговиот гиф, додека боите кои се најпрепознатливи за секој филм и суперхерој служат како позадина. Притоа авторот го вградува и сопствениот хумор во приказите, едноставен и прикриен, некаде дури и занемарлив, соодветно на карактерот на пикселната уметност.

Пикселната уметност е форма на дигитална уметност, креирана со помош на софтвер, каде приказите се едитирани на ниво на пиксели. Ваквата естетика доаѓа од 8-битни и 16-битни компјутери и конзоли за видео-игри. Во пикселната уметност уметниците се стремат кон што поголемо поедноставување на приказите во однос на колоритот и формите, со цел да не се одвлекува внимание од целокупната чистота на приказот.

Класичните видео-игри, особено класичните аркадни игри како Space Invaders (1978) и Pac-Man (1980) и 8-битните конзоли како Nintendo Entertainment System (1983) и Sega Master System (1985) се корените на оваа графичка дисциолина. Терминот пикселна уметност прв пат бил објавен од Адел Голдберг и Роберт Флегал од Xerox Palo Alto Research Center во 1982.

Повеќе за Чежек:
https://www.designboom.com/art/8-bit-pixel-gifs-by-dusan-cezek-animate-famous-movie-moments-comics-02-13-2014/
https://www.behance.net/gallery/40410127/Amidala-fashion-choices
https://www.behance.net/gallery/14352889/Pixelomics

Слични содржини

Графички Дизајн / Култура / Уметност
Активизам / Графички Дизајн / Уметност / Настан
Активизам / Графички Дизајн / Уметност
Графички Дизајн / Уметност

ОкоБоли главаВицФото