Urban Abstract

01.11.10 11:24

„Urban Abstract“ претставува филмска соработка меѓу Јопсу Раму и Шун Каваками. Овој краток филм претставува патување низ урбаниот простор.

Патувањето се одвива во една, две или три димензии, и наликува на апстрактно сурфање во кое само случајно се стигнува до оригиналната дестинација.

Точките, линиите, рамнините и другите апстрактни елементи го создаваат патешествието низ урбаната апстракција. Просторот меѓу нештата е битен, зашто понекогаш создава четврта димензија. Облиците се исто така битни, како и концептот на негатив – контрастот меѓу црното и белото.

Подеднакво важен е и звукот, т.е. музиката, зашто преку неа можат да се почувствуваат движењата во просторот дури и ако очите ви се затворени.

Your browser is not able to display this multimedia content.


 

ОкоБоли главаВицФото