Татко на поп артот а не е Ворхол: Клас Олденбург црта облаци како печени компири

17.08.2019 01:32
Татко на поп артот а не е Ворхол: Клас Олденбург црта облаци како печени компири

Кога Клас Олденбург (Claes Oldenburger), човекот кој се смета за татко на поп артот, слушнал дека еден посетител на неговото студио во Њујорк сака да ги види цртежите на фиктивната држава која уметникот ја измислил уште како дете, тој развеселено викнал: „Конечно!“

Олденбург сега има 90 години и се извинува што мора да приседне заради болките во колената. Почнува да ги прелистува цртежите што ги нацртал уште на осумгодишна возраст и на кои го насликал замислениот остров кој го нарекол Нојберн: тој имал свое знаме и грб, воздухопловни сили, кино сали, морнарица, хотели и весници.
„Најдобрата опера на светот, ја напишал Олденбург“, прочита на глас од насловната страница на еден од тие весници, која беше извонредно нацртана“.

„Долго време не ги имав погледнато“, вели Олденбург, кој на пошироката јавност ѝ е познат по скулптурите на обични предмети и храна меѓу кои е и огромната цреша во лажичка, сместен во Уметничкиот центар „Вокер“ во Минесота и колосалниот печат во Кливленд, Охајо. „Мислам дека бев прилично добар уште од самиот почеток“, вели Олденбург.

Исклучителниот свет на Нојберн, во кој практично се предвидува чуствителноста на уметникот за опкружувањето што го создал човекот, но и за поп културата, е само еден дел од обемната архива што неодамна ја откупи Институтот за истражување, Гети во лос Анџелес, заедно со делата на Косја ван Брихен, неговата втора сопруга, која со уметникот соработувала од 1976 година па сè до својата смрт во 2009 година. Архивата ја чинат повеќе од 2000 цртежи и колажи, 450 дневници и тетратки, но и многу фотографии и снимки.

Придружуван од неговата ќерка Мартја Олденбург и кустосот од Гети Институтот, Глен Филипс, овој уметник од шведско потекло го водеше разгледувањето на предметите сместени во една зграда на пет ката во Сохо, во Њујорк, кадешто живее и работи од 1971 година.

Тој чува цела збирка рачно напишани дневници од 1956 година. Во нив е забележана инспирацијата која ја пронаоѓал во уличниот живот, што јадел и со кои уметници соработувал. а меѓу нив биле и Џин Дајан, Ред Грумс или Лукас Самарас.
Ги сочувал и дневниците кои ги нарекол едноставно „Белешки“, преполни со идеи напишани на машина за пишување од 1926 година.

„Мојата уметност е суштински комично – сериозна, апсурдна комедија...дрска...еротска...моралистичка“, запишал уште во шеесеттите години. „Цртежите за мене се боиште на моето битие“, напишал во седумдесеттите години.

За време на разгледувањето се насмеа кога стигна до цртежите на облаци во вид на печени компири и дизајнот за тунел во облик на нос. „Сосема сум ги заборавил овие“, рече покажувајќи ја скицата од деведесеттите на која се наоѓаше обратен знак прашалник на скејт.

„Никогаш не сум видел некој уметник што ја бележи својата работа и својот тек на мисли толку посветено како Клас“, вели Филипс. „Сите тие паралелни работи се сместени една покрај друга и лесно може да го откриете потеклото на секоја идеја што ја имал Клас, а потоа да го следите нејзиниот развој во завршено дело“.

Мартја Олденбург објаснува дека нејзиниот татко отсекогаш поминувал многу време во сортирањето на материјалите. „Можеби оттаму потекнува неговата креативна сила, од тој процес“.
Моментално работи на враќање на неговата прва голема скулптура „ Lipstick (Ascending) on Caterpillar Tracks”, завршена во 1969 година, во центарот на кампусот на Универзитетот Јејл.

Студентите му помогнале на Олденбург да ја изгради скулптурата, а потоа брзо станала подиум за студентите кои на неа држеле говори против војната во Виетнам и за геј правата. Универзитетот ја задржал скулптрата, но во 1974 година таа била преместена.

„Во сè што работам има елементи на хумор“, напишал Олденбург во 1969-та година. „Сепак, сето тоа би можело да се претвори во нешто прилично сериозно“.
Додека го гледата со колкав жар ја обиколува куќата, не може а да не се прашате за емоционалната тежина на фактот дека сè што се наоѓа таму, наскоро ќе биде преместено во друг простор, ќе си најде друг дом.
„Сега сум во фаза кога можам да го прифатам тоа“, вели уметникот.

Архивата е продадена под пазарната вредност, вели Филипс, иако не ја прецизираше цената. Скулптурата на Олденбург „Clothespin Ten Foot” од 1974 година е продадена за 3,6 ,илиони долари на аукција во 2015 година.

„Клас Олденбург е испреплетен со речиси сите повоени уметнички движења во Америка, без оглед дали се работи за перформансот, поп артот, минимализмот, постминимализмот, концептуалната уметност, инсталацијата или постмодернизмот“, истакнува Филипс.

Мартја вели дека нејзиниот татко бил загрижен што ќе се случи со сите тие материјали кои со децении ги собирал и чувал.
„Се надевам дека сега ќе биде слободен времето што му останува да го помине занимавајќи се со нови работи што го интересираат“, вели ќерката на Оленбург.

А бидејќи не може да се движи како некогаш (потребен му е бастун), Олденбург фотографира од својот прозорец.

„Снима во сите четири правци“, вели уметникот, возбуден што наскоро ќе ги прикаже своите нови дела. Сликата на светло шолт кран и конвој камиони кои превезуваат цемент се во склад со неговата фасцинација со улицата и механичките објекти.

Извади еден отпечаток со реклама на која е прикажана многу убава жена која ја покрива половината од фасадата на некоја зграда. „Изгледа како да е висока еден километар“, задоволно вели Олденбург.

Извор: The New York Times

 

ОкоБоли главаВицФото