Париска зелена: бојата во тренд која одземала животи

17.08.2019 11:44
Париска зелена: бојата во тренд која одземала животи

 Една вечер во Париската Опера во 1864, Императорката Евгенија носела толку прекрасен фустан што била на насловните страници не весниците уште следното утро. Фустанот бил спектакуларна темно зелена, толку жива боја што останала неменлива и под ноќното осветлување. Наскоро потоа Париската зелена станала бојата на општествената елита, не само во облеката туку ги обвиткувала и ѕидовите. Трендот евентуално стасал до Викторијанска Англија, и како резултат на тоа умреле голем број луѓе.

Париската зелена, позната и како смарагдна зелена, била една од многуте нијанси – вклучително и Шилова зелена, првата од тој вид – што одзела многу животи во викторијанската ера. Сјајниот пигмент бил создаден од хемичари кои откриле дека мешањето бакар со арсен резултирало во боја посјајна и подолготрајна од другите зелени на пазарот.

Денес знаеме дека арсенот е високотоксична супстанца која предизвикува лезии на кожата, повраќање, пролив и во некои случаи, рак. Но, во 19 век била сеприсутна како пластиката, се наоѓала во слатки, хартија, играчки и лекови; нејзината употреба како боја за облека и модни додатоци била повеќе од нормална.

Во 1859 било спроведено истражување на здравјето на изработувачите на вештачки цвеќиња спроведено од д-р Верноа, лекар кого самиот Наполеон го консултирал. Набљудувајќи го процесот, Верноа ја увидел врската помеѓу болестите на работниците и зелената боја. Откако Верноа ги пријавил своите наоди, француската и германската влада донеле закони кои го ограничувале производството на пигменти базирани на арсен, но тие биле наголемо игнорирани од британската влада, каде сличните смртни случаи биле оценувани како „случајно труење“.

Така, Париската зелена, пигментот обожаван од француската императорка и користен во делата на уметници како Сезан, Мане и Ван Гог, останал во мода во Велика Британија. Во наредните години, употребата на овие бои го достигнала врвот, иако се повеќе приказни за смртни случаи врзани за арсен го зголемувале стравот. И покрај сето ова, немало легислатива за регулирање на производството на пигменти базирани на арсен; најблиску што Британската влада направила била закон за контрола на количината на арсен во храната во 1903. На крајот остриот пад на потрошувачката повеќе влијаела на ситуацијата отколку самите закони, и евентуално прозиводството било целосно прекинато.



Стравот од зеленото сѐ уште има траги во модерноста. Зелената често се смета за боја на злото, често видена на кожата и облеката на филмските антагонисти. Некои сметаат дека употребата на зелената за означување отров во цртаните и уметноста од раниот и среден дваесетти век била доректно повлијаена од паниката од арсен. Дури во 1980-тите зелената започнла повторно да биде допадлива боја, во голема мера поради еколошкото движење од тој период, каде, иронично, симболизира живот.

Извор: https://www.townandcountry.ph

 

ОкоБоли главаВицФото