Во Градски парк се собираат потписи за поддршка на барањата на Петоци за иднина

17.08.2019 11:54
Во Градски парк се собираат потписи за поддршка на барањата на Петоци за иднина

  Во Градскиот парк во Скопје е поставен штанд на кој граѓаните може да им дадат поддршка на барањата на младите од иницијативата #FridaysForFuture.

Тие бараат да се воспостави климатска криза во државата, да се искористуваат повеќе обновливите извори, како и да се подобри јавниот транспорт така што ќе се намали потребата од автомобили, но и да се вметни темата за климатските промени посериозно во формалното образование.

-Имав видено многу други онлајн петиции за заштита на животни и од таму ми дојде идејата да направиме и ние за да се сопрат климатските промени. Барем ние да почнеме од некаде во државава. Петицијата е одличен начин бидејќи со протестите оди потешко. Сметам дека ако отворено кажеме што сака народот, дури и властите ќе почнат поинаку да размислуваат и ќе почнат да го решаваат проблемот, вели 14-годишната Нора.

Првичната идеја им е да соберат барем 100 потписи за нивните барања да се разгледаат во Советот на Град Скопје, иако се надеваат дека ќе добијат голема поддршка од граѓаните. Сепак, нагласуваат тие, нивните барања се однесуваат на национално ниво.

-Повеќе од очигледно е со што се соочува Земјата и мислам дека секој што ја сака планетава и сака да живее тука, нема зошто не би ја поддржал оваа иницијатива, рече Благица, која во придружба на своето дете се потпиша на иницијативата.

Штандот ќе биде поставен и наредните денови.

 

Извор: https://www.radiomof.mk

ОкоБоли главаВицФото