
Најстариот бик го крстоса денот.
Неговите шепи ја прекопуваа планетата.
Одеше, одеше докајшто живее морето.
Пристигна до брегот најстариот бик.
До брегот на времето, на океанот.
Ги затвори очите, тревата го покри.
Ја вдиша сета зелена далечина.
А другото го создаде тишината.
Од книгата „Камењето на Чиле“
Книгата ја препеале на македонски: Матеја Матески, Луан Старова и Влада Урошевиќ