КЦ 750: Турни ме да кинисам!

19.08.2019 11:14
КЦ 750: Турни ме да кинисам!

На 20 август (вторник) во Младинскиот културен центар, во 20 часот ќе се одржи настанот КЦ 750: турни ме да кинисам, на кој ќе биде претставен проектот КЦ 750 на Иван Шопов и Владимир Лукаш - приказна за едно фиќо што кога ќе порасне сака да стане културен центар.

Целта на проектот, поддржан од Министерството за култура на РС Македонија, е развивање и поттикнување нови модели на искористување на јавниот простор, за културни намени. КЦ 750 преку мобилниот концепт ќе се обиде на неконвенционален начин не само да го надополни недостигот на независни културни простори и точки во Скопје, туку и да понуди децентрализирачки концепт на ширење на културата.

Информациите за одржувањето на културните настани ќе бидат дополнително објавени на Фејсбук страницата на КЦ 750.

* * *
Културниот центар ќе го турнат да киниса:

АСТАЛНИ ПРОЕКЦИИ
Поезија и кратка проза читаат:

1. Ана Голејшка Џикова
2. Ѓоко Здравески
3. Владимир Лукаш
4. Милена Илиќ
5. Николина Андова Шопова
6. Васко Марковски
7. Ива Дамјановски
8. Ѓорѓи Крстевски
9. Иван Шопов

ЅВЕЗДАН ГЕОРГИЕВСКИ

Ѕвездан Георгиевски, поранешен сопственик на Застава 750, во рубриката „Слушај паталец“ ќе зборува за фиќото како културен феномен, како и за мини-книгата „Осум наративни прошетки со фиќо или што научив за пишувањето од Застава 750“ од Иван Шопов.

Книгичката ќе се продава по цена од 100 денари. Средствата собрани од продажбата ќе бидат употребени за одржување на фиќото-културен центар, кое е познато како табиетлија меѓу автомобилите.

ФИЌЕСТИ ТРУБАДУРИ

Настанот ќе го заокружи вокално-инструменталната банда „Фиќести трубадури“, во состав: Ана Голејшка Џикова, Васко Марковски, Дејан Шкартов, Душан Кировски и Владимир Лукаш.