Светски ден на фотографијата

19.08.2019 11:27
Светски ден на фотографијата

19 август во светот се одбележува како Ден на фотографијата (World Photography Day) – еден од најголемите пронајдоци. Светскиот ден на фотографијата се прославува од 2010 година на денот кога во 1839 година била претставена дагеротипијата, првата успешна фотографска постапка.

Некогаш фотографирањето било привилегија, па фотографиите биле создавани како уметност. Целиот процес бил многу покомплициран отколку што е денес, кога секој може за неколку секунди да направи одлична фотографија. Потоа, со познавање на програмите за обработка на фотографијата да ја доработи речиси до совршенство. А постојат и фото апарати што автоматски ја обработуваат фотографијата, но тие чинат поскапо.

Најстарата позната фотографија на Нисефор Ниепс (1826)

Првата фотографија

За татко на фотографијата се смета Луј Дагер, кој прв ја направил практична со помош на својата дагертопија, но првиот светски фотограф, вистинскиот пионер, всушност бил неговиот партнер Жозеф Нисефор Ниепс.

Првата фотографија на која била прикажана природа ја направил францускиот иноватор Жозеф Нисефор Ниепс во 1826 година со помош на светлина и камера опскура. Тој употребил метална плоча премачкана со течен раствор на битумен (асфалт) и ја изложил на камера опскура. Експозицијата траела осум часа, а таа фотографија е сочувана по наслов „Поглед од прозорецот во Ле Грас“ (La cour du domaine du Gras). Во 1952 година ја открил историчарот на фотографијата Хелмут Гернсхајм во оставината на еден ботаничар од 19-от век, кому Ниепс му го подарил тој примерок за време на престојот во Лондон 1827 година.

По смртта на Ниепс, неговата постапка ја усовршил Луј Дагер, кој во процесот ги вовел солите на сребро и во 1837 година ги направил првите фотографии на посребрена плоча.

Дагер посребрената плоча ја изложувал на јодна пареа, а невидливата слика ја направил видлива така што ја развивал во пареа на жива и ја фиксирал во раствор од натриум сулфат (кујнска сол). Дагетопиите биле уникати и можеле да се гледаат само под одреден агол.

Една од првите фотографии на која се гледа човек, Boulevard du Temple, Луј Дагер (1838 или 39.)

Две години подоцна, откритието на Дагер било официјално објавено пред француската Академија на науки, точно пред 180 години, на 19 август, 1839 година. Истата година француската влада ја патентирала дагеротпијата и ово изум го прогласила за „Libérez au monde” (Слободно за светот).

Раѓањето на фотографијата

Вториот фотографски процес, калотипијата, исто така во 1839 година, го изумил Британецот Вилијам Хенри Фокс Талбот. Тој започнал да експериментира во 1835 година, кога ги направил првите фотографски минијатури на хартија. Талбот применил поинаква постапка што ја нарекол калотипија (убав отпечаток). Подоцна, под притисок на неговото семејство и јавноста го променил ието на своето откритие во талботипија. Тој во камера опскура внесувал хартија препарирана со сребрен хлорид и така добил негатив од кој со осветлување можеле да се добијат неограничен број позитиви. Со тоа е поставен принципот негатив – позитив на кој се заснова современата фотографија. Талбот своето откритие го претставил во Лондон, само неколку месеци по Дагер.

Првиот фото апарат на Дагер

Заедно, изумите на дагеротипија и калотипија ја означуваат 1839 година како година во која е пронајдена фотографијата. Во следните 11 години, само во Њујорк биле отворени 11 дагеротипски студија.

 Извор: mediasfera

 

Слични содржини

Општество / Фотографија / Скопје 1963-2013 / Историја
Фотографија / Книжевност / Историја
Општество / Култура / Историја
Стрип / Култура / Историја

ОкоБоли главаВицФото