Една крава луда

20.08.2019 03:04

Еднаш една крава луда
направила триста чуда!
Прелетала сено, слама,
истрчала на пат сама,
се судрила со две коли,
подгонила деца голи,
изгазила цвеќа ретки,
повредила стрини, тетки,
искорнала две-три клупи,
искривила пет-шест шупи…
па морна по часа девет,
заспала на меѓа-кревет.
Сонувала бик што лета
и друг убав што се шета,
и трет вљубен што се смешка,
и четврти што ја чешка!
Чешкањето уште трае,
а кравата не знам кај е!

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Пандалф Вулкански
Пандалф Вулкански
Пандалф Вулкански

ОкоБоли главаВицФото